Во преработувачката индустрија се очекува зголемен обем на производство и повеќе вработувања


За преработувачите не е прифатлив предлогот за зголемување на акцизата на горивото - МИА

Скопје,  15 септември 2020 () – Поповолни очекувања за состојбата во преработувачката индустријата имаат раководителите на деловните субјекти во оваа гранка. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, раководителите очекуваат поповолна состојба за обезбедност на производството со порачки и обемот на производството во наредните три месеци. 

Според нивните оценки, залихите на готовите производи се зголемени, а се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на август 2019 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2020 година изнесува 67 отсто од нормалното искористување, а најголемо влијание за тоа имале недоволната странска побарувачка со 20,5 отсто, неизвесното економско опкружување со 16,8 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 17,7 отсто и недоволната домашна побарувачка со 11,7 отсто.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2020 година е зголемен за 0,6 процентни поени во однос на јули 2020 година и изнесува 12,9, а во однос на август 2019 година е намален за 8,5 процентни поени.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Вести

Германија инсистира на одржување на меѓувладината конференција до крајот на годинава, Бугарија останува на ставот за преговарачката рамка

– Германија повторно потенцира дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни. Бугарија […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*