Во номеври лани 406 одобренија за градење, предвидени се 1 284 станови


– Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.


 

Најголем дел од одобренијата, 137, се во Скопскиот регион. Во општина Карпош се издадени 39 одобренија, во Сарај 16, по 12 нови дозволи има во Центар и во Бутел, по 11 во Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Чучер Сандево.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 580 435 000 денари, што е за 398,5 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, ветерна електрана во Југоисточниот регион, појансуваат од ДЗС.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 (61,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 43 (10,6 проценти) од нискоградба и 115 (28,3 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 406 објекти, на 235 (57,9 проценти) како инвеститори се физички лица, а на 171 (42,1 проценти)  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 284 станови, со вкупна корисна површина од 100 799 метри квадратни. Најмногу се во Скопскиот регион, 953, од кои 598 во Аеродром, 96 во Чаир, 93 во Карпош, 46 во Кисела Вода, 31 во Центар… Зад Скоспкиот по број на предвидени станови е Полошкиот со 148, од кои 69 во Тетово и 59 во Гостивар. Во Југоситиочниот, пак, се предвидени 74 станови, во Југозападниот 49, во Вардарскиот 26, Пелагонискиот 17….