Во ноември 89 отсто од потрошената струја од домашни извори

struja

Лани во ноември во земјава вкупно се потрошени  554.020 мегават часови електрична енергија, 34.406 милиони нормални кубни метри природен гас, 411.742 тони јаглен и 89.163 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 89 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,3 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.

Facebook
Twitter
LinkedIn