Во ноември 60,8 отсто од потрошената струја од домашно производство


– Лани во ноември земјава потрошила вкупно 671.057 мегават часови електрична енергија, 45,016 милиони нормални  метри кубни природен гас, 402.743 тони јаглен и 85.862 тони нафтени продукти.



Според податоците на Државниот завод за статистика, 60,8 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а  96,2 отсто од потрошениот јаглен се употребени за производство на струја.