Во изминатото деноноќие произведени 12.586 MWh електрична енергија

struja

Во изминатото деноноќие АД ЕСМ има произведено 12.586 MWh електрична енергија, со што целосно се задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 MWh електрична енергија.Од Владата денеска информираа дека во термоелектраните се произведени 4.546 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 8.040 MWh.

Набавените 3.940 MWh електрична енергија се за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn