Во чест на Св. Трифун – празникот на лозарите и винарите Свечено закроени лозјата на ВВ „Тиквеш“



– ВВ „Тиквеш“ и годинава, на винскиот локалитет „Лепово“, ја продолжи традицијата на симболичното закројување на лозјата во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и винарите. Свечениот чин на закројување го извршија претседателот на Владата, Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, генералниот директор на винарницата, Радош Вукиќевиќ и претставници на менаџментот на винарницата.

Присутните претставници на дипломатскиот кор и на институциите, партнери, соработници и пријатели, лозарите и винарите си посакаа уште една плодна година, со услови наклонети кон квалитетен род и производство на врвни вина.

Овој празник не е само традиција. Тоа е ден кој за сите нас, поврзани со лозарството и винарството, е симбол за нов циклус, кој ќе донесе нови предизвици и уживања во виното. Се надеваме на поволни услови и здрави лозја, за да создадеме врвно вино. Нашите активности се исто така насочени кон минимизирање на влијанието врз животата средина соочени со глобалните климатски промени. Притоа, применуваме одржливи земјоделски практики и ја намалуваме емисијата на стакленички гасови. Во таа насока, работиме на проект со кој „Тиквеш“ ќе биде првата „зелена“ винарница во овој дел од Европа“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ, честитајќи им го празникот на сите лозари и винари, како и на љубителите на виното.

Инаку, винарницата во законски пропишаните рокови ги исполни финансиските обврски кон лозарите за откупеното грозје во 2019 година.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]