Во Америка недостига работна сила –  во Македонија нема работни места!


Пред почетокот на пандемијата САД имаше недостиг на работна сила, особено во занаетчискиот сектор и професии за кои е потребна физичка сила.


 

Но, со искачувањето на стапката на невработеност на  15% во април 2020 година, се чинеше дека ваквиот недостаток нема да се појави повторно во блиска иднина. Една година подоцна и покрај покачената стапка на невработеност, квалификуваните работници повторно тешко можат да се најдат на американскиот континент.

Бизнисите се формираат и се шират постепено, за време на периоди на економски раст. Но, сега бидејќи поголемиот дел од економијата повторно се отвора – побарувачката за работници е на рекордно високо ниво и веројатно нема да падне до крајот на декември 2021 година.

Додека работодавците се борат со потешкотии, ова е одлична вест за работниците!

Ризикот од невработеност во САД е мал, задоволството од работата се очекува да подобри.  Повеќето работници ќе се вработат на работните места кои ги посакуваат, а платите ќе растат.

Знаци на недостаток на работна сила се очигледни кај малите и средни фирми. Според истражување на Националната федерација на независни бизниси во март, 42% од фирмите велат дека имаат отворени работни места што не се во можност да ги пополнат сега. Ова е највисока стапка во 47-годишната историја на истражувањата.

Стапката на доброволно откажување која е на највисоко ниво историски, исто така укажува на тоа дека работодавците имаат проблеми со задржување на работниците.

Многу возрасни на работоспособна возраст ја напуштија државата како резултат на пандемијата, што ја влошува ситуацијата. Некои избегнаа вработување поради страв од заразата, потребата за згрижување на мали деца или високи федерални надоместоци за невработеност. Сето ова ги намалува нивните мотиви да бараат работа.

Рестораните и останатите работодавачи на услуги за храна се борат да вработат работници, заради високиот ризик од инфекција на Корона и релативно малата плата.

Ситуацијата на Балканот и во Македонија е незавидна!

         Во Корона кризата поголем дел од работниците добија отказ, платите им се намалија и воопшто немаше примања на нова работна сила.

Со затворањто на големиот број фирми поради неопходните мерки, голем дел од работодавците беа принудени да ги завршат договорите со своите вработени.

Затворањето пак на границите со останатите држави, придонесе да останат дома дури и оние граѓани кои имаа можност да работат туристички во друга земја за да се прехранат.

Најниска стапка на невработеност континуирано има Словенија, која е најдобра во регионот кога станува збор за пазарот на трудот.

Изминатите три години Словенија ја забележа најниската стапка на невработеност во последните десет години, со околу 2 проценти. Босна и Херцеговина остана на дното на регионот.

Со повеќе од 20 проценти невработени Македонија беше најлоша во регионот.

Денес во 2021 година ситуацијата е алармантна и бројките се зголемени во корист на невработеноста.

Меѓународна финансиска корпорација (ИФЦ) покрена дигитална платформа за подобрување на положбата на работникот и поттикнување за вработувања.

Иницијативата во партнерство со швајцарскиот секретаријат за економски прашања SECO е дел од програмата за Македонија, Србија и Косово. Проектот е наменет за олеснување на кризата со помош од 45 илјади долари.

Во одредени месеци намалувањето на стапката на невработеност во Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора не е предизвикано исклучиво од создавање нови работни места во реалниот сектор, туку од заминувањето на населението од тие земји кон Европската унија.

Работните места кои ги добиваат се најчесто во угостителството, градежниот сектор и останати физички професии.

Младите со високо образование, минуваат подолг период во изучување на јазикот и полагање дополнителни испити за својата стручност во областа во која дипломирале.

Статистичките податоци говорат, македонците во најголем процент заминуваат во Германија, потоа следуваат Шведска, Швајцарија, Данска, Србија и Грција.