Влада: Изминатото деноноќие произведени 11.787 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведе 11.787 мегават часови електрична енергија со што 100-отсто се покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните се произведени 7.727, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4.060 мегават часови електрична енергија, информира Владата.

-Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 4.580 мегават часови електрична енергија за дополнително снабдување преку „ЕСМ продажба“. Оваа количина е наменета за задоволување на потребите што произлегуваат од дополнителните обврски преземени за снабдување со електрична енергија на болници, градинки и други објекти од виталната инфраструктура во државата, соопшти Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn