Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата „Еуроедил холдинг“ и средба со бизнисмените од Дебар и Маврово-Ростуше


Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата „Еуроедил холдинг“ и средба со бизнисмените од Дебар и Маврово-Ростуше

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на серијата консултативни средби, вчера изврши работна посета на општините Дебар и Маврово-Ростуше, при што ја посети фабриката на „Еуроедил холдинг“ и оствари средба со претставници на компаниите кои работат во овие општини.

За време на посетата на компанијата „Еуроедил холдинг“, лоцирана во с. Скудриње, која е една од компаниите кои имаат потпишано договори за државна помош преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, вицепремиерот разговараше со менаџментот на компанијата за текот на реализацијата на нивниот инвестициски проект, како и за предизвиците со кои се соочуваат во тековното работење, а ги посети и производствените капацитети на претријатието. Компанијата има договор за инвестициски план со вредност од 1 милион евра за 5 години, а како државна поддршка во првата година од страна на Владата се исплатени околу 30.000 евра, за оправдани инвестициски трошоци.

„’Еуроедил’ е една од компаниите коишто се корисници на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и навистина е една компанија којашто укажува како нашите луѓе коишто работат надвор знаат и умеат, прво да се вратат во нашата земја, второ, да покажат дека знаат да бидат и инвентивни и трето, дека знаат многу добро да бидат поврзани во синџирот на набавка со странските компании. Оваа компанија произведува полуготови и готови продукти коишто одат на европскиот пазар преку реномирани светски компании. и тоа навистина е за поддршка. Денеска зборувавме за сè што би требало да направиме за оваа компанија којашто има план за проширување на нивниот производствен капацитет и укажав дека како влада ќе поддржиме  која било иницијатива, не само од оваа компанија туку и од сите други компании во овој регион, затоа што тоа значи повеќе креирани работни места, значи развој на самиот регион и секако придонес кон целокупниот развој во државата. Уште еднаш би сакал да укажам дека во суштина не е битно местото во коешто оперирате, дека Северна Македонија има потенцијал, има луѓе коишто знаат да развиваат бизнис и со тоа да покажат дека ние знаеме да направиме економија којашто е конкуретна на домашен, но и надвор од домашниот пазар“, посочи вицепремиерот Битиќи по посетата на фабриката на „Еуроедил холдинг“, компанија основана од наш граѓанин, повратник од странство.

Управителот на „Еуроедил холдинг“, Раким Рамадановски, објасни дека компанијата е формирана во 2005 година и работи со лимени производи, производство и полупроизводство за сувата градба. Нивните производи ги пласираат на на европскиот пазар и во земјите од регионот. Компанијата има 62 вработени, а имаат планови и за натамошно проширување на производствените капацитети.

За време на работната посета, во организација на градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вицепремиерот Битиќи оствари средба и со претставници на компании кои функционираат во општините Дебар и Маврово-Ростуше, со кои разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат за време на социо-економската криза, како и за мерките кои се подготвуваат од Владата за нивно надминување и активностите кои Владата планира да ги спроведе во постковид периодот, а кои се предвидуваат одржлив раст и развој на економијата во сите региони во Северна Македонија и на земјата во целина.

Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата „Еуроедил холдинг“ и средба со бизнисмените од Дебар и Маврово-Ростуше


Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*