Успешно реализиран годишен зафат во ХЕ „Шпилје“



Во Хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар денеска успешно е реализиран зафат во рамки на редовното сервисирање на електомашинската опрема, потвдија за МИА, од АД ЕСМ.


 

-Ова е многу значаен зафат, претставува редовно сервисирање на електричната заштита од регулациониот 110/35 киловолтен трасформатор во овој значаен елеткроенергетски објект во нашата земја. Поради тоа истиот мораше да биде исклучен од мрежата, додаваат од АД ЕСМ.

Тоа пак услови во периодот од 10 до 14:30 часот без електрична енергија да остане целото дебарско конзумно подрачје, кое опфаќа над дванаесет илјади потрошувачи во општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Од ЕСМ велат дека времето на застојот е обезбедено и одобрено од страна на ЕВН во координација со граѓаните и поголемите потрошувачи на електрична енергија од овој регион.

Хидроелектраната Шпилје е дел од хидроенергетскиот систем ХЕС Црн Дрим. Со пуштањето во работа на 4 ноември 1969 година, оваа хидроелектрана е значаен извор на електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем. Има инсталирана моќност од 84 MW и годишно производство од 272 GWh.