Уште 13 домашни компании регистрирани за извоз на храна во ЕУ


–  Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов денеска на средба со новинарите информира дека уште 13 оператори со храна од земјава се регистрирани за извоз во ЕУ. 

Одобренијата за извоз им се издадени во периодот од јуни 2017 до крајот на декември 2019. 

-Станува збор за компании кои извезуваат главно храна од животинско потекло, јајца, млечни, месни и производи од риба, рече Атанасов. 

Според него, АХВ го изврши прилагодувањето на законодавството со европското во најголем дел преку задоволување на хигиенските стандарди, вклучително и за традиционалните производи. 

-Унапредени се условите на фармите и благосостојбата на животните, модернизирани се производните објекти за храна од животинско потекло, подобрен е квалитетот на суровото млеко, зголемена е контролата на пестицидите, а сигурен, веродостоен е и системот на националните лаборатории. На овој начин храната произведена во Република Северна Македонија ги гарантира високите стандарди не само за своите, туку и за потрошувачите на ЕУ, подвлече Атанасов.


Дерковски: Им честитам на граѓаните, изборниот ден помина одлично, со мали исклучоци - МИА
Вести

ДИК: Одѕивот до 20:45 часот 50,86 проценти

– До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86   проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места. […]

Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес - МИА
Вести

Дерковски: Изборниот ден минува мирно, со мали спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес

Скопје, 15 јули 2020 () – Излезноста со оглед на целата ситуација е задоволителна, оцени попладнево претседателот на Државната избона комисија (ДИК) Оливер Дерковски на прес-конференција. До 17 часот според податоците на ДИК на гласање […]

Вести

До 17 часот во Охрид гласале 41, во Струга 30 и во Дебрца граѓани 44 отсто од гласачите

Охрид, 15 јули 2020 () – На предвремените парламентарни избори до 17 часот во Охрид на гласање излегле 41,7 отсто од лицата со право на глас. – Гласањето се одвива непречено и без проблеми, граѓните […]