УЈП го постави барањето за субвенционирање придонеси за вработени во медиумите


УЈП: Наплатата на ДДВ не е намалена за 79, туку за 29,19 отсто - МИА

Скопје, 29 јуни 2020 () – Управата за јавни приоди го постави барањето за субвенциоирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за медиуми.

Од УЈП појаснуваат дека работодавачот – медиум за искористување на ова право треба да поднесе образец БС-ПЗСОM до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци, при што  Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на доставувањето, ја потврдува комплетноста на барањето. На работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување  за вработени во медиуми – образец БС-ПЗСОМ е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.

Согласно  Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми,  работодавач-медиум може да ја користи мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID -19 за времетраење на вонредната состојба, за  месеците јуни , јули и август 2020.


Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба - МИА
Вести

Лични карти можат да се подигнат и на 15 јули

Скопје, 13 јули 2020 () – Министерството за внатрешни работи соопшти дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите (среда, 15 јули) ќе работат само за подигнување лични карти, […]

Нови 26 случаи со коронавирус, еден починат, 36 излекувани - МИА
Вести

Нови 88 случаи со Ковид-19, тројца починати, 123 оздравени пациенти

Скопје, 13 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-8, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-3, Струга-11, Велес-1, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-1, […]

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите - МИА
Вести

ДИК прифати нови барања за набљудување на изборите

Скопје, 13 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница едногласно ги прифати барањата за акредитации за четири набљудувачи на предвремените парламентарни избори од Организацијата за зашита на човековите права и од […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*