Туристи од Малта во прва посета на брегалничкиот регион


Туристи од Малта деновиве престојуваа во прва посета на брегалничкиот регион. Групата туристи прво го посети беровскиот регион, каде учествуваа во планинарски марш по Малешевските Планини.

Како што информираше планинарскиот водич Љупчо Чучуковски, се работи за љубители на убавата природа, кои во претходен заеднички договор изразиле желба, ова лето да организираат туристичка тура во брегалничкиот регион.

– Заедно со гостите од Малта реализиравме планинарска акција по Малешевските Планини, бидејќи тоа е и моја обврска како планинарски водич, а тоа е развивање на туризмот и планинарството во Пијанец и Малеш. Потоа го посетиме Берово, манастирот Св. Архангел Михаил, имавме прошетка по Беровското Езеро, ја посетивме познатата месност Клепало, како и неколкуте комплекси околу езерото. Гостите задоволни од она што го видоа, ветија дека ќе се обидат ова искуство да им го пренесат и на други туристи, кои би го посетиле овој крај од државата, истакна Чучуковски.

За туристите беше вистинско доживување да се видат пределите во Малешевијата.

– Водичот ни помогна да се искачиме на планините. Потоа имавме можност да пробаме од овдешната храна и навистина ни се допадна. Навистина имавме едно интересно доживување, дознавме многу информации за овој регион и ветуваме дека заедно со други гости повторно ќе дојдеме, истакна туристката Тања од Малта.

Берово е позната туристичка дестинација меѓу странските туристи. Освен туристите од Малта, досега во два наврати беровскиот регион го посетија и организирани групи туристи од Франција и Холандија.

Балкан

Бугарскиот претседател Радев стави вето за купување американски борбени авиони

Бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на спорното купување американски борбени авиони Ф-16. Како причина Радев ја наведе високата цена, недоволната опрема и зголемувањето на буџетскиот дефицит што таа нарачка го повлекува со себе. – […]

Вести

Новиот премиер на Велика Британија – за приврзаниците популарен, за критичарите – неискрен

Борис Џонсон е контроверзна фигура во британската политика и новинарство. За приврзаниците тој е духовит, популарен и привлечен, додека за оние кои го критикуваат велат дека е елитист, неискрен, мрзлив и употребува расистички и хомофобичен […]

Балкан

Србија: Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот. Кон крајот на мај со музика и огномет, […]