Тркалезна маса во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари“

Во Стопанска комора денеска ќе биде одржана тракалезна маса на тема „Како да се подобри соработката и интеракцијата меѓу развојните капацитети на малите и средни претпријатија, здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна“.

Тркалезната маса се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари”.

На настанот ќе бидат презентирани активностите на проектот и нивна реализација, ќе бидат пренесени искуствата на МСП кои се вклучени во проектот и ќе се развие дискусија како да се изнајде начин за подобрување на соработката меѓу бизнисите, образовните институции и граѓанскиот сектор со јавните институции, а со цел подобрување на конкурентноста на Р.Македонија на светските пазари.

На крај на настанот ќе се презентира предлог меморандум за соработка на сите засегнати страни што ќе биде споделен со сите присутни да може да го коментираат во своите институции и истиот да го потпишат.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]