Триглав осигурување со добри резулати во првиот квартал од годинава


Во првите три месеци од годинава Групацијата Триглав, која работи и на македонскиот пазар,  фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е осум отсто повеќе во споредба со тој период минатата година.

Од компанијата соопштуваат дека групацијата Триглав во првото тримесечје од 2019-та година, остварила добивка пред оданочување во висина од 29,9 милиони евра.

Гледано од аспект на поединечни сегменти на осигурување Групацијата остварила раст на премија кај сите видови имотни осигурувања, а растот на целокупниот сегмент изнесувал девет отсто.

– Во сегментот на осигурувања на живот и пензиските осигурувања премијата е намалена за два отсто, превенствено поради пониската еднократна премија на осигурување, споредено со истиот период минатата година. Премиите од здравствено осигурување се зголемија за 20 отсто, како последица на поголем број склучени договори за осигурување и прилагодување на цените, на кои што влијание првенствено имаат обемот и растот на цени на здравствените услуги, соопштуваат од Групцијата.

-Со работењето во првите три месеци од оваа година сме задоволни, а имајќи ги предвид предвидените околности до крајот на годината, ја потврдуваме најавата за планираниот годишен резултат. Со тим од над пет илјади вработени ја следиме зацртаната стратегија и го развиваме „Триглав“ во насока на современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко, во регионот, вели претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.

За Триглав осигурувње Скопје се наведува дека во првиот квартал од годинава  компаниајта работи добро во основната осигурителна дејност.

-Во овој квартал компанијата оствари подобар комбиниран коефициент, споредено со резултатот во истиот период минатата година, како и намалување на бруто оперативните трошоци и останати осигурителни расходи. Во овој квартал Триглав достигна и значајни 52 отсто пораст во бруто полисираната премија во доменот на приватното доброволно здравствено осигурување, стои во соопштението.

Триглав Осигурување Скопје останува на својот зацртан пат, одреден со стратегијата и со добрата пракса. Во првиот квартал од оваа година повторно понудивме одлични нови можности за клиентите. Ги дополнивме производите за доброволно приватно здравствено осигурување со понудата на осигурување од малигни заболувања, производ што ги третира најтешките проблеми на нарушено здравје на клиентите и кој има за цел материјално да ја покрие севкупната процедура на лекување на дијагностицирана малигна болест, почнувајќи од дијагноза, преку операции, до радио и хемотерапии. Воведовме и онлајн апликација за купување здравствено-патничко осигурување, а секако работиме и на многу други можности, кои треба да го олеснат и подобрат животот на нашите клиенти, истакнува главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ.


Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден - МИА
Вести

Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден

Скопје, 5 јуни 2020 () – Православните верници овој викенд за празникот Задушница и Духовден нема да може да ги посетат гробиштата. Забраната е согласно одлуката за забрана за движење на Владата, а според која […]

Забраната за движење не ја почитувале 33 лица, приведени 20, 112 лица не носеле заштитни маски - МИА
Вести

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, […]

Пехчевец го загуби животот при работа во шума - МИА
Вести

Едно лице нападнато со метален предмет на автобуска постојка во с.Петровец

На 03.06.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје, Т.Д.(49) од с.Петровец, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на автобуска постојка во с.Петровец бил нападнат со метален предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување […]