TOW#528 – Безизлезна/Безнадежна ситуација


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој



Сигурен сум дека неколку пати сте се нашле во безизлезна/безнадежна ситуација и прашањата  што секогаш си го поставувам се – дали навистина ситуацијата е таква или пак само си мислиме дека е таква, всушност, што е тоа безизлезна/безнадежна ситуација?!

Ајде, за почеток да одговорам на прашањето: што е безизлезна ситуација? Според она што го истражував малку, сепак секоја „безизлезна” ситуација се поврзува со мозокот и сигналите кои мозокот ги дава во тој момент. Значи, сè е до мозокот и како тој се однесува во таков момент и што сака да ни каже, па така вие верувате дека вашата состојба е над секаков можен оптимизам, невозможна и/или сте неспособни за решение или подобрување. Така почнувате да верувате дека ништо не може да ја промени ситуацијата, така ништо не правите за да ја промените, како ништо не правите, така ништо не се менува и на крај се доведувате во ситуација дека сте биле во право.

Тоа не е состојба на депресија, но обесхрабрувањето кое го имате во тие моменти е толку големо што многу луѓе го поврзуваат со депресија.

Гледајќи дека сè се врти околу мозокот, а работата не може да трпи, еве ви неколку совети како да излезете од таквата ситуација и да направите добро за (пред сè) себе и за компанијата во која работите:

Фокус – дефокусираноста во тој момент е најголем проблем, односно фокусираноста на ситуацијата во која се наоѓате. Пробајте да се фокусирате на други работи. Почнете прво од лесно остварливи, па се погоре и погоре.