TOW#527 – Фиксна v.s варијабилна плата


Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и се обработуваат теми од секојдневниот живот коишто ќе ви помогнат да си го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за неделните совети, можете да ги пишувате на нашата Facebook – страница: MACEDONIA-EXPORT.

Само што дојдов од еден настан за вмрежување, каде што главна тема на разговор беше – дали е подобро да се дава фиксна или варијабилна плата,, кому или како и дали е најдобро да се комбинираат двете.

Во секој случај, како модел што важи и се видел позитивен, кај капиталистички ориентираните економии (каде што нели и ние сме дел), е правилна комбинација на двете, со што би се направил баланс помеѓу целите на компанијата и индивидуалните цели на вработените. Секако, иницијално треба да се направи поделба според позициите и одговорностите на секој од членовите на тимот. Оние што се во првата линија на напад (front line) или работат со/во продажба, реализација, нормативи итн., секако најдобар мотивациски фактор е варијабилниот надомест. Ако продадам повеќе или сработам повеќе парчиња во норма, треба да добијам поголема награда. Оние што се во позадина (back line/support) и работат како поддршка на првата линија, може да бидат на фиксен дел. Секако, во зависност од компанијата и менаџментот, убаво е да се прават повремено анализи на перформансите на вработените, и да се наградуваат годишно, 6 – месечно или после некоја добро завршена работа.

Некои позитивни и негативни аспекти на фиксната и варијабилната плата:

  • Продуктивност: со варијабилна плата, секако дека се зголемува мотивацијата кај вработените и следствено продуктивноста. Секој со добра мотивација може да даде повеќе од себе со намера да дојде до саканата цел.
  • Конкуренција помеѓу вработените: ова може да е позитивно, и самите вработени со цел да постигнат подобри резултати да се натпреваруваат помеѓу себе, но може и негативно да делува. Толку многу може да се развие конкурентноста, што тоа секако ќе влијае негативно на целата атмосфера на работењето.
  • Истакнување на вработени: секако дека варијабилната плата ги издвојува поголемите професионалци од останатите. Според резултатите многу е лесно да се пресмета кој, колку и како работи.
  • Однос со клиент: исто така и овој аспект може да се разгледува од две страни. Секако, ако сме стимулирани и добиваме поголема награда, ако ги направиме нашите купувачи среќни, варијабилната компонента влијае позитивно. Но, понекогаш тоа и пречи, ако сте во продажба. Крајните денови кога треба да се исполнат целите/таргетите, може да биде контрапродуктивно и продавачите да ги притискаат купувачите за да си ги остварат целите.
  • Рецесии: е сега интересно е дека фиксната плата е поголем мотиватор во ситуација на побавни економии и светски кризи. Поради тоа што продажбата опаѓа во време на рецесија, продавачите не може да ги остварат своите цели и покрај тоа што не ја обезбедуваат очекуваната плата, туку и дополнително се фрустрираат и се демотивираат. Затоа, фиксната плата дава некаква сигурност дека барем нема да е помалку од тоа.

Најинтересно е дека моето искуство, работејќи со многу компании и продажни тимови, кажува дека кај нас продавачите не нешто премногу се стимулираат со варијабилен дел. Со многу менаџери сум зборувал и ме прашувале како да ги мотивираат со процент, кога продавачите не ги мотивира таков тип на стимулација. Јас многу имам размислувано – зошто е таква ситуацијата, кога знам и дека во Америка, на пр., вработените во кафуле се борат да бидат келнери, а не бармени, иако келнерот зема 2 $ на саат, а барменот 8 $. Келнерот знае дека ќе добие неколку пати повеќе поголема заработувачка поради бакшишот.

Како некој генерален заклучок ми е тоа што, прво потекнуваме од социјалистички систем, каде што не постоел варијабилен дел и таков начин на работа и стимулација на вработените, а друго е изгледа тоа што ние сме постојано во рецесија и едноставно поважна ни е сигурноста, отколку неизвесноста што доаѓа со варијабилна мотивација.

Како и да е, живееме во суров капитализам и мора да се адаптираме на условите на работење. Само треба да се најде оптималниот баланс.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот


Вести

Нови 594 случаи на КОВИД-19, оздравени 162, починати три лица

Во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на КОВИД-19 од кои најголем дел во Скопје, 303. Оздравени се 162 пациенти, а починати се три лица. Како што соопшти […]

Вести

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè […]

Вести

Историчарите со мали поместувања напред, но засега без договор за Гоце Делчев, Заев верува во решение преку взаемно почитување

– По два дена разговори во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, кој и понатаму останува пречка на сопнување. Има нови предлози и идеи за кои засега не […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*