TOW#514 – Карактер


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој



Поттикната од неодамнешниот разговор што го имав со еден моите менаџери, несомнено е дека растот на нашата кариера и репутација, освен од нашето стекнато знаење и вештини, во голема мера зависи и од нашиот карактер. По дефиниција, под карактер се подразбираат нашите морални и ментални капацитети, карактеристични за секој од нас. Кога ни се случува кариерно нарушување, ретко размислуваме дали тоа е последица на нашето секојдневно однесување. Психолозите велат дека е тоа така, затоа што човекот има тенденција да се фокусира само на своите силни страни кои, пак, тесно коегзистираат со своите спротивности, кои иако нам ни се чинат поволни, можат сериозно да ја нарушат нашата кариера. Во дадени моменти, ние реагираме според оној терк кој ни го наложуваат нашите вродени карактерни црти, но сепак, доколку ги препознаеме и свесно работиме на нивно подобрување, можат да ни бидат од голема корист. Еве неколку карактерни црти кои во своите крајности, на подолг рок, сериозно можат да ѝ наштетат на нашата кариера.

Перфекционизам – не бидете премногу строги кон себе!  Нереално е да верувате дека никогаш нема да згрешите во вашата кариера, но немојте претерано да се критикувате откако ќе ви се случи тоа. Можноста за брзо закрепнување и учење од грешките е она што ве прави професионалец.

Храброст – многу убави идеи никогаш не се реализирани поради недоволната храброст за да се кажат. Секако, секогаш е полесно нешто да се премолчи, но секој нов ден имаме нова шанса да преземеме ризик и контрола врз нашата кариера.

 Отпор спрема промени – во секоја компанија неизбежно е да се случат промени. Не заземајте одбранбен став, бидејќи тој ве спречува да го извлечете најдоброто од ситуацијата. Истовремено, кога влегувате во нова средина, не е нужно по секоја цена да внесете некоја промена. Запознајте ги традициите и процедурите во средината и ако може да ги надградите или разубавите, предложете иницијатива, во спротивно потрудете се да се вклопите во воспоставениот ред.

Повлеченост – не се плашете да зборувате за работите кои ви пречат, за работите кои ве радуваат, за работите што се случуваат . Работите кои ги премолчувате само ви создаваат фрустрација. Разговарајте одмерено и бирајте ги зборовите, внимавајте да не го навредите вашиот соговорник. За оние од другата страна на овој спектар, one extra tip, бројте до 10 секогаш пред да кажете нешто кое што ќе предизвика бура на работното место.

Нарцисоидност – во ред е да имате самодоверба и да се сакате себеси, но во овој живот никогаш нема да го достигнете својот максимум и константно ќе работите за да бидете сè подобри во својата дејност. Без оглед колку сте успешни, не сте богови! Свртете се околу вас, заблагодарете се на својот тим и радувајте се на секој заеднички постигнат успех.

Намуртеност – доколку постојано се жалите или нешто ви пречи, сигурно сте најомразениот човек во канцеларијата. Запомнете: вашата болка, навреденост, расположението, лошиот ден, ароганцијата, не се поважни од сите други. Размислете како вашата енергија влијае на вашите колеги и целите кои си ги имате поставено.

Озборување – ова не е нешто што треба да го правите ниту кога пиете кафе со пријателите, особено на работа дефинитивно е неприфатливо. Озборувањето е одлика на слабите и доколку сфатите дека многу често ви се случува да го правите ова, тогаш е време за себеанализа и за промена.

Одговорност – многу убава карактерна особина, за жал, во изумирање. Преземете одговорност кога работите, тоа е клучот за успешно изработени работни задачи, па макар и да згрешите. А ако згрешите, прочитајте ја точка 1 повторно.

Нашето однесување  има голем удел во нашиот кариерен развој и тоа треба да биде нашата најдолгорочна стратегија на која неуморно треба да работиме. Запомнете, секогаш има начин да се искупите доколку сте жртва на сопствениот карактер.

Со успех во промените,

Наташа Шопова


Вести

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Потресот бил почувствуван и во Косово и Србија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во […]

Вести

Средновековниот и раноосманлискиот период во македонските учебници тема на 11. средба на македонско-бугарската Комисија

– Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи утре и задутре. […]

Бојан Јовановски поднесува повеќе кривични пријави во ОЈО Скопје - МИА
Вести

Катастарски парцели презентирани на рочиштето за „Меѓународен Сојуз” 

– Со вербална расправија меѓу судијката Софче Гаврилова-Ефремова, и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, започна денешното рочиште за случајот ,,Меѓународен Сојуз”. Презентација на материјалните доказите на обвинителство за кратко го одложи барањето на обвинителот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*