TOW#513 – Колегијалност


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој

Во денешно време, потребно е да се има проферсионалност во извршувањето на работните задачи и односот со колегите. Но за успешна  реализација на целите и предизвиците во работната средина  недостасува уште една силна карактеристика.

Да бидете во средина во која сте задоволни од колегијалноста во компанијата е прав луксуз. Тој „луксуз” истражувањата покажале дека ја зголемува продуктивноста, ги прави посреќни и поведри соработниците и едноставно е еден чекор понапред од грубата професионалност.

Колегијалноста како и многу други работи се гради помеѓу соработниците, бидејќи сите имаат заедничка цел во работењето и сакаат среќни да доаѓаат на работа. Никој не би сакал да помине осум часа работно време со луѓе кои се негативни, се мрштат, не одговараат на повик и надреден кој постојано ги критикува.

Јас би рекол дека колегијалноста како и љубовта е еден вид „хемија”, но за да дојдеме до таа „хемија” на работното место, можеме да придонесеме на неколку начини:

  • Креирање на пријатна колегијална работна средина– ако некој од сорабтониците побара мала помош, бидете при рака и помогнете му, еден ден тоа пријатно ќе ви се врати. Не сме сите експрети во секоја област и секогаш има некој којшто знае повеќе. Помогнете и сослушајте, тимот е секогаш подобар од поединецот во решавање проблеми.
  • Почит спрема соработниците– однесувајте се љубезно и со манири, охрабрувајте ги луѓето околу вас да го изразат своето мислење и не ги критикувајте за мали и неважни работи. Пофалете ги за успесите. Едноставно, однесувајте се со другите како што би сакале да се однесуваат со вас!
  • Ширете позитивна енергија– поздравете се со колегите кога ќе дојдете на работа, посакајте им убав работен ден и насмејте се, вашата насмевка и позитивна енергија ќе им го разубави денот на другите околу вас.
  • Почастете чоколадо– изненадете ги колегите, бидејќи не мора да има посебна причина за малку благо и серoтонин, а работната атмосферa тој ден ќе биде одлична.

Запомнете, промените почнуваат од нас самите!

Кристијан Балески
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com


Коронавирусот бил присутен во Италија во декември, открива студија за отпадни води - МИА
Вести

Сто триесет и шест новозаболени од Ковид-19, 123 оздравени, шест починати

Скопје, 12 јули 2020 () – Сто триесет и шест нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања. Како што […]

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]