TOW#505 – Врвно (премиум) ниво


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој

Да ви раскажам една анегдота од нашето работење како консултанти за развој на бизниси. Во една пригода, кога работевме за еден наш клиент, требаше да развиеме концепт за бизнис (од услужната дејност) каде што сопственикот немаше јасна идеја каков концепт сака да направи и како да го позиционира концептот. Првото прашање што му го поставив беше: директоре, што сакате да постигнете; каде сакате да го позиционирате вашиот производ?! Ќе правиме „ексклузивна кола”, „средно ниво за кола” или „економик верзија”?! Бидејќи според правилата на играта и водење бизнис, сè што може да замислите, во однос на вашиот бизнис, сè може да се направи и да се оствари. Само, нормално, има многу фактори, аспекти и работи кои влијаат на успехот и сите тие треба одлично да се поврзани и вклопени.

Во секој случај, интересно беше со муабетот потоа. Нормално, тој ја одбра најексклузивната кола. Јас му реков, нема проблем, само да знаете дека, за да го постигнете тоа ќе ви треба: ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова ова, ова, ова, ова, ова, ова, ова! А, тој ми вели, а да си направиме некое мало симпатично количе!?!

Доколку сакате да направите, развиете, позиционирате производ или услуга на врвно, елитно, премиум ниво, не е доволно само да сакате или да сонувате за тоа! Треба да сте подготвени од секој аспект (знаење, искуство, финансии, тим, истрајност, жртва, мрежа/network итн.), за да го постигнете тоа ниво. Секако, генерално, врвното ниво значи и ексклузивност во цени и од финансиски аспект, секој би сакал да може да продава помалку за повеќе пари. Но, тоа не значи дека може и да возврати на потребите и барањата на тој тип клиенти. Тоа ниво на клиенти, изискува ексклузивен пристап во секој (и најмал) детаљ од бизнисот: производ, изглед, услуга, (ултра ВИП) однос со клиентот, локација, после продажно искуство, атмосфера, персонал/вработени, знаење итн.

Уште една приказна. Пред некоја недела бев во еден „мезе ресторан” (да не споменувам во кој град и кој ресторан, бидејќи во однос на суштината на муабетот не е ни важно) каде што сопственикот го поставил концептот на елитно / ексклузивно ниво. Мора да признам дека локацијата беше одлична, изглед на локал одличен, цени ексклузивни, но од друга страна пак, услугата беше многу лоша, мезето направено од сирење и кашкавал купени во кесичка од локалниот маркет, јадевме паста, поточно преварени јуфки со сирење и сушен зачин од тегличка, а за некакво екстра купувачко искуство (или што би се рекло “customer experience”), да не правиме муабет.

Не сакам со ова да навредам некого или да бидам сфатен како критичар. Повеќе ми и да сфатиме дека не е доволно само на хартија да го поставиме и да го позиционираме нашиот бизнис (производ или услуга), или само да ископираме некој концепт кој сме го виделе во Белград, Милано или Њу Јорк. Посебно, ако се работи за некој елитен модел на работа, мора да сме свесни дека за да привлечеме елитно ниво на купувачи, потребно е да се понуди многу (повеќекратно) повеќе од стандардната понуда или нивото на кое ние сме научени.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Балкан

„Macedonia the GReat“ колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, […]

Вести

Две лица во Кина заразени со пневмонична чума

Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразени со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица почина во истиот регион од чума. Двајцата пациенти од автономниот регион на Внатрешна […]

Вести

Италија подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција

Италија е подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција откако висината на брановите во тој град достигнаа 1,87 метри, поплавувајќи ја историската базилика и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата. Повеќе од 80 […]