TOW#502 – Сфатете го лично

Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и се обработуваат теми од секојдневниот живот коишто ќе ви помогнат да си го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за неделните совети, можете да ги пишувате на нашата Facebook – страница: MACEDONIA-EXPORT.

Она што можам да го забележам многу малку, ете да не кажам дека никој, не ги зема лично работите на работа (мене ме интересира за на работа), па затоа сме на ова ниво.

Да, знам дека ви велат дека не треба да ги земате при срце работите на работа, но мислам дека поради тоа имате и проблеми на работа. Не за друго, ако не ги земате работите при срце, тогаш не ви е гајле за тоа што вашите надредени кажуваат или укажуваат. Тенка е границата помеѓу сфаќање и земањето на работите лично и помеѓу тоа кога треба да ги земете некои работи лично:

 

  • Критика: ако колегата/те или работодавачот ве критикува на секои 3 месеци (веројатно правите 3 или 6 месечни состаноци со вработените) за една те иста работа, а при тоа вие таа работа не ја менувате или уште пострашно, таа е поизразена, е па тогаш треба да се запрашате, зашто не сте веќе дел од тимот или зашто не напредувате. Да, треба да го сфатите тоа лично и да почнете да правите некоја промена за подобрување.

 

  • Промена: со сфаќањето на работите лично, многу сте блиску да направите некоја промена кај вас, на подобро секако. Само така ќе може да ги процесуирате работите кои ви се укажуваат, да ги разберете како добронамерни и да почнете да се менувате. Но, ако не ги сфатите лично, верувајте, многу сте блиску до моментот: ама, ми е гајле, што сакаат нека прават!

 

  • Дистинкција: со тек на време, доколку ги сфаќате работите лично, многу лесно ќе можете да направите разлика помеѓу тоа што е навистина кажано за ваше добро, а што всушност било само хир на тој/таа над вас или до вас. Дополнително на ова, многу лесно и ќе можете да направите дистинкција помеѓу кажаните работи на состанок, дали меѓу редови се правело муабет за вас или за некој друг.

 

  • Комуникација: со сфаќањето на работите лично, вашата заинтересираност за ваше подобрување, сигурен сум дека ќе порасне, а за да се случи тоа, потребно е да имате и подобрување во комуникацијата со колегите/работодавецот. Едноставно, секоја работа која била наменета за вас би требало да сакате да ви биде поубаво објаснета, за да може подобро да ја разберете, да разберете што сакале другите да ви укажат.

 

Знаете како, до вас е дали ќе ги сфатите работите што ви ги укажуваат, лично или не. Ако сакате да напредувате и да учите, да, ќе ги сфатите работите лично. Секако, не дозволувајте тие работи да влијаат и на вашите емоции и пробајте да бидете објективни во тоа, а не веднаш да се муртите и да имате став: да бе, тој/таа мене ќе ми каж

Со успех во промените,

@kalinbabusku

Член на тимот

Вести

В недела лидерска кај претседателот на државата

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи в недела во 17:00 часот во „Вила Водно“ […]

Вести

Мицкоски: Повикувам на средба на државниот врв, изборите се логично решение, во меѓувреме потребни се итни реформи

Недобивањето на датум за избори е лоша и непосакувана вест за Македонија. Треба да бидеме свесни дека државата влегува во разочарување и сето ова е последица на погрешните политики водени во последните неколку години. Ќе […]

Вести

Пендаровски: Сега не е време за калкулации и политички поени, туку за обединување околу нашата иднина

Сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за добивање на ситни дневно-политички поени. Сега е време за повторно обединување околу она што ни е најважно во Република Северна Македонија – нашата […]