TOW#499 – Еднаш се живее


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Во овој неделен совет ќе бидам краток и директен.

„Еднаш се живее” концептот не е точен. Еднаш се умира, а цел живот се живее (некој паметен го кажал ова). А, тоа како ќе живееме ни влијае на нашите навики, тие на нашиот карактер, а понатаму тоа ја оформува и нашата судбина.

Сигурен сум дека многу пати, можеби вие сте го искористиле или сте слушнале некој ваш близок да ја искористи оваа фраза. Убаво звучи како филозофија/концепт на живеење, но за жал, ние го користиме само во ситуации кога сакаме да направиме нешто, за кое не сме баш сигурни дека е добро (нешто откачено, ризично, неоправдано, неморално, хедонистички, „глупаво”), но криејќи се зад мотото на „еднаш се живее” ние му даваме на нашиот мозок утеха и рационално оправдување, и го правиме тоа.

Многу е тешко да живееме правилно и да се водиме според вистинските вредности и правила на живеење. Многу се големи влијанијата од околината, системот, разните вкусови, забранети овошја, замки и заводнички ситуации. И, бидејќи тешко може да го контролираме сето тоа, со користење на фразата „еднаш се живее” му помагаме на нашиот мозок да не чувствува вина после правење на таа „забранета” работа. Бидејќи мозокот знаете, секогаш мора рационално и логично да ги оправда своите постапки, без оглед дали е тоа добро или не.

Следниот пат кога сакате да направите некоја „будалштина”, пробајте да не го користите овој концепт како би си ја оправдале истата. Вие направете го тоа, од експериментален или чисто од самозадоволувачки аспект, но бидете свесни за состојбата, вашите постапки и она што ви се случува, и соочете се со последиците.

Со успех во промените,

Петар Лазаров


Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]

Вести

Нема бонуси за членовите на ДИК за изборите, нема пари и за членовите на ОИК и ИО ако не одат на едукација

– Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повикаа околу 35.000 членови на изборните органи да присуствуваат на претстојната едукација за организирање и спроведување на предвремените парламентарни, која е задолжителна и ќе започне на […]