TOW#498 – Пред одмор


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Бидејќи започна периодот на одмори, убаво е да се знаат некои основни правила за подготовка пред одмор, како ваша, така и на вашите колеги и соработници.

  1. Известување:

Доколку го знаете однапред периодот кога ќе бидете отсутни од работа, тогаш би било убаво да ги известите сите, со коишто соработувате, за вашето отсуство.

  1. Колегите: испратете е-маил известување до сите колеги кога нема да бидете во канцеларија за да си знаат.
  2. Соработниците: имате два начина:
    1. Начин 1: при секоја комуникација со вашите редовни соработници, пробајте на овој или оној начин да ги потсетите дека во тој и тој период нема да бидете во канцеларија.
    2. Начин 2: поставете во потписот информација од кога до кога нема да бидете во канцеларија и тоа нека ви биде дел од потписот цело време, додека не сте во канцеларија.
  3. Координација:

Со колегите со кои сте во ист тим, пред да одите на одмор, искоординирајте се да нема поклопување и да има секогаш присутен некој од вас кој ќе може да одговара на пораките и истите успешно да ги изврши.

  1. Обврски:

Направтете план на обврски кои ќе треба некои од колегите да ги преземат, при тоа добро да ги објасните. Ставете го сето тоа во еден документ и споделте го со сите колеги кои треба да бидат инволвирани. Дополнително, седнете со секој од нив поединечно и поминете низ обврските што ќе им ги оставите. Проверете дали убаво ве разбрале, сепак е тоа ваша комуникација со ваши соработници кои они треба да ја преземат (доколку има потреба) во краток период. ВАЖНО: доколку има некои работи кои нема потреба да им се пренесуваат, немојте непотребно да ги оптоварувате!

  1. Сетирање на е-маилот:

Задолжително сетирајте известување во период когане сте во канцеларија автоматски одговор OUT oF OFFICE порака. Доколку вие не знаете да го направите тоа, замолете ја техничката служба од кај вас тоа да го направи. Информацијата во таа порака нека содржи информации од кој до кој период нема да бидете во канцеларија и кога ќе може соработниците реално да очекуваат повратен одговор од вас и дали може да ве вознемируваат додека не сте во канцеларија.

  1. Работно место:

Додека сте на одмор, вашето работно место треба да биде чисто и прегледно. На него може да останат само документи кои колегите ќе може лесно да ги најдат. Немојте после тоа да се буните дека сè ви е хаос откако ќе се вратите затоа што некој седел таму и ви растурал или одговоните за хигиена ви напраивле хаос

  1. Ден пред да одите:

Ден пред да одите, видете се со сите на кои сте им оставиле некакви обврски, поминете повторно низ сето она што би требало да ги очекува и надополнете ги со потребните информации, доколку е тоа потребно.

Но најважно од сè: уживајте во одморот, ќе требате одморени назад на работа!

@kalinbabusku

Вести

Нова афера Полански: Французинка го обвинува за силување

Француската фотографка Валентин Моние уверува за парискиот дневен весник „Паризиен“ дека режисерот Роман Полански ја силувал во 1975 година. Неколку сведоци ја потврдуваат нејзината приказна, додека режисерот го отфрла делото, јави дописникот на МИА од […]

Вести

Поради замена на потрошен дел невалидни податоците за квалитетот на воздухот од станицата во Гази Баба

Податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Гази Баба во текот на изминатите пет часа се невалидни поради замена на потрошен дел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. -Министерството […]

Вести

O2 Иницијатива: 6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС

☣️ 6 тони вода со елементи на опасна хемикалија, метил акрилат мономер, се излеале денес во ОХИС. Од Институтот за хемија тврдат дека метил акрилат мономер кој истекол, бил токсичен. Со анализи надвор од земјава […]