TOW#496 – Недоразбирања


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Како комуницираме секојдневно, така има сè повеќе недоразбирања. Многу пати сме полемизирале околу оваа тема, и зошто се случуваат и како се случуваат и секогаш сме наоѓале решение, но бројот на недоразбирања е сè поголем и поголем.

Недоразбирањата најчесто се случуваат при:

  • Пишана комуникација – одете само на некои од социјалните медиуми и ќе видите како двајца се расправаат (можеби и исто зборат), ама поради тоа што не знаат како да се изразат, ај што тие се караат, туку се прават и табори. Избегнувајте пишана комуникација за чувствителни теми или теми кои стануваат чувствителни!
  • Неактивно слушање – не се слушаме меѓусебно и не сакаме да ја разбереме другата страна, туку сакаме да го наметнеме нашиот став!
  • Трпение/Толеранција – многу ни е „мал фитилот“ и веднаш на гард ги пречекуваме луѓето околу нас, па нормално е да има недоразбирања.
  • Промени – луѓето се менуваат, а ние не ги прифаќаме или не сакаме да ги прифатиме промените кај нив, па соодветно на тоа и мислиме дека останале некаде таму назад, а всушност не е така.

И додека комуникацијата е критична во секој бизнис и нашето секојдневие, недоразбирањата можат да предизвикаат поголема штета од добро кажаното, но сепак, не сакаме ниту да се потрудиме да го намалиме недоразбирањето или да го нема воопшто (мислам дека е невозможно да го нема воопшто, ама ај).

А многу е едноставно, за да го нема недоразбирањето, упатствата што ги даваме мора да бидат јасни, прецизни и со што помалку можности за дополнителни прашања, но сепак, покрај избегнување на горенаведените причини за недоразбирање, потребно е и:

  • Повторување на инструкциите – повторувањето е мајка на знаење, но побарајте инструкциите што ќе ги добиете да ви бидат повторени, за да видите дали убаво сте ги разбрале или не.
  • Вербална и пишана комуникација – после секоја вербална комуникација, имајте време сето тоа што сте го договориле да го запишете, споделите со сите кои се инволвирани и да добиете инструкции, дека тоа што сте се договориле и тоа што е напишано е истото!
  • Потврда – доколку сте вие тој/таа што давате некакви инструкции, побарајте потврда од соговорниците дека тоа што сте го дале како инструкција е разбрано од сите, така како што вие сте го замислиле.
  • Зборови – имајте на ум дека сите ние сме различни и начинот на искажување на работите и давање на инструкции треба да биде прилагоден кон тие што ве слушаат. Изберете зборови според ситуацијата и луѓето.
  • Фокусирани – кога давате и примате инструкции, бидете фокусирани. Ништо нема да се промени во тој период од 5 минути, а грешките и проблемите кои можат да се случат подоцна, можат да бидат преголеми!
  • Конкретни – бидете конкретни и специфични. Ако може во што помали црти и реченици да се пренесе тоа што треба, најдобро ќе биде, но бидете конкретни!
  • Учете – учете од секое недоразбирање што ви се случило и гледајте да не го повторите, барем не со истиот соговорник!

Се надевам дека ќе ја разберете потребата од намалување на недоразбирањата во секојдневната комуникација и проблемите кои можат да настанат, и од денес почнете на нивно намалување!

Со успех во промените,

@kalinbabusku


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]