TOW#494 – Поздравување


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

 

Не знам дали ви имаме кажано, секое утро, во канцеларија секој со секого треба да се поздрави. Ама не само да каже здраво или добар ден, туку и да се поздрави со рака. Тоа го воведовме како пример од еден практикант кој беше кај нас и кој почна да се поздравува со секој од нас кога ќе дојдеше на работа, така што тоа ни остана како традиција,  и еве веќе неколку години МОРА да се применува во офисот.

 

Искрен да бидам, на почетокот бев малку збунет, но со текот на времето, идејата многу ми се допадна и настојувам да се одржи во „живот“ од неколку причини:

  • Интеракција – ако ништо друго, од утро се прави интеракција со луѓето околу вас. Утринските муабети се тука како и размена на случки кои се случиле во претходните неколку саати.
  • Тим – некако и тимот се зацврстува со утринските комуникации и сите интеракции кои следуваат после тоа, се прави кохезија.
  • Промени – луѓето кои не се таканаречени утрински луѓе, со ова сакале или не, мора да прозборат од сабајле и да направат некаква интеракција.
  • Почеток – ако ништо друго, убав почеток на денот!
  • Намалување на конфликти – сакале или не, колегите кои од која било причина биле во некаква конфликтна ситуација, следното утро, кога ќе се поздрават, едноставно мора да се погледнат во очи и да си кажат здраво… убав почеток за разрешување на некоја ситуација.
  • Малите нешта, прават голема разлика – насмевката кај колегата кој ќе ви каже добро утро, сакале или не, се пренесува и кај вас, колку и да сте нерасположени. Научно е докажано дека насмевката е заразна.
  • Култура – се работи за основни манири и култура на однесување.
  • Хуманизација – најголем дел од денот, поминувате со колегите. Па наместо да ги гледате колегите како машини кои работат со вас, утринските поздравувања може да ви помогнат подобро да се запознаете.
  • Хиерархија – ако сите, ама баш сите (од топ менаџмент па до најдолно ниво) се поздравуваат меѓу себе, создава една демократска (немав друг збор) работна атмосфера, каде што сите сме исти.
  • Време – не одзема многу време, односно само неколку секунди. Е сега, ако започне некаква интеракција, може да одземе време, но има друг бенефит, создава позитивна атмосфера.
  • Економски причини – бесплатно е!! J (дека сум Влав)
  • Промени – интровертните, со едно утринско поздравување со рака и изговарање на едно здраво/добро утро, имаат можност да искочат од својата матрица и да почнат со промените, да бидат забележани!
  • Бариери – замислете дека ви е непријатно со некого да почнете разговор, едно здраво/добро утро на сабајле, може да ви помогне да ги срушите тие бариери и подоцна дури и на ручек заедно да одите.

Поздравувањето на работа на почетокот може да изгледа чудно и малку непријатно, но всушност, на крајот од денот, ќе биде многу ценето од сите. Верувајте ми!

Со успех во промените

@kalinbabusku

Вести

Рускоска: Ќе покренам финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор

Обвинителката Вилма Рускоска најави дека ќе покрене финансиска истрага за судиите кои донесоа одлука за куќен притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. – Не знам кои се судиите. Чекам да го добијам решението, но […]

Вести

Катица Јанева ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор

Поранешната специјална обвинителка и осомничена во предметот „Рекет“, Катица Јанева попладнево ја напушти „Шутка“ и замина во куќен притвор. Со полициско обезбедување Јанева беше спроведена во нејзиниот стан во близина на Клубот на пратениците. Скопскиот […]

Вести

Европската комисија може да забрани употреба на олово во спортот, што го доведува во прашање биатлонот

Европската комисија ја разгледува можноста за целосна забрана за употреба на олово во спортови на отворено. Ова може да има сериозни последици за биатлон, пренесуваат светските медиуми.   Европската комисија побарала од Европската агенција за […]