TOW#491 – (Не)Продуктивност


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Што претставува продуктивност на работа / вработен?

 

Во суштина, тоа е многу едноставна формула: вредност (пари, производи, услуги итн.) што ја креира секој вработен, во однос на работен час. Но, иако ова звучи едноставно, мерење или изразување на продуктивноста на вработените во една компанија, е многу сериозна и комплексна работа и бара многу анализа, разбирање на бизнисот, влијанијата на надворешни и внатрешни фактори, вработените, менаџментот итн. Ова, секако, многу подобро го знаат луѓето што работат „човечки ресурси” и затоа тие можат да ни дадат подлабински осврт на тоа, како овие прашања се решаваат системски.

Затоа, јас во овој неделен совет, повеќе ќе ги анализирам негативните факторите што влијаат на намалување на продуктивноста кај вработените (на индивидуално ниво) и евентуално како може да се влијае на нив.

Некои од најважните негативни фактори кои влијаат на намалување на продуктивноста, и што може да направите околу тоа:

  • Атмосфера на работа: секако, еден од најважните аспект на задоволство кај вработените е кога станува збор за поголема или помала мотивација/продуктивност на работа. Ако атмосферата е лоша, тогаш и вашето вложување и продуктивност ќе се намали.
  • Секако дека надворешните фактори влијаат на нашата работа. Но, потрудете се да си најдете сами мотивација и стимулација во тоа што го работите и како тоа најдобро да го сработите и како да дадете најдобри резултати. Најмногу поради вас и вашата надоградба. Ако ситуацијата е неподнослива, размислете и за менување на средината.
  • Его: високото Его се одразува на повеќе аспекти на намалување на продуктивноста. Непочитување на претпоставен, давање премногу значење на себеси, барање потврда и признание од надредениот, неисполнување на дадените обврски (или на начин како што вие мислите, а не како што ви е кажано) итн.
  • Сфатете дека вие сте дел од системот и дека секој од вас допринесува (повеќе или помалку) за развој на големата цел/визија. Без оглед на вашиот (поголем) учинок во однос на другите, на крајот вие добивате (во бонус, признание, знаење, искуство, контакти итн.
  • Мала ангажираност: ова најмногу е поврзано со слаба мотивација за извршување на работите. Клучен фактор може да биде менаџерот, надредениот, колегите, атмосферата, платата итн.
  • И овде, како што е погоре кажано, кој и да е факторот вие не треба да ја барате мотивацијата од надвор. Побарајте си што е ваше и што заслужувате, но немојте поради тоа што не сте добиле „браво” од менаџерот, да се демотивирате и помалку да се ангажирате. На крај, пак ќе кажам, сето тоа го правите за вас и за ваш напредок и развој.
  • „Одложено задоволство”: генерално, овој концепт се поврзува со мотивација во пари. „Ако менаџерот не ми даде зголемување, нема да го дадам најдоброто од себе”. И поради тоа, опаѓа продуктивноста.
  • Барајте си ги парите, но не дозволувајте тие да ви бидат пречка во понатамошниот ваш професионален раст. Од друга страна, правилото е обратно „дајте го најдоброто од вас, а потоа со право ќе може да си го побарате тоа што ви следи.
  • Расеаност: дефокусираност, незаинтересираност, недисциплина, муабетчија итн.
  • Прво мора да сфатите од каде потекнува таа расеаност. Дали е поради вашиот генерален карактер или нешто ви се случува во тој период или, пак, нешто друго. Во секој случај, ако сакате подобри резултати, мора да работите на вашиот фокус и јакнење на дисциплината.
  • Дефанзивност (негирање): на некој начин е поврзано со егото. Не се сложувате со предлозите, ги бојкотирате, гледате само негативно на проектите итн., и затоа не ги завршувате со полна сила.
  • Ако знаете подобро, предложете го тоа на тимот (и борете се со аргументи). А, доколку веќе сте се договориле да ја завршите некоја работа, не бидете „негативецот” и дадете го најдоброто од себе да се заврши работата како што треба (од ваша страна).
  • Слаб активен слушател: може да влијае на продуктивноста од аспект на лошо пренесена или слушната информација, задача, активност. Тоа ќе ве чини неколку пати да ги коригирате работите.
  • Активно слушање значи: (1) слушам за да разберам, (2) процесирам / тоа што сум го слушнал, (3) давам “feedback” / во вид на прашање, констатација, сигнал со тело, парафразирање итн., сè со цел да се разбере задачата подобро.

 

Со успех во промените,

 

Петар Лазаров

Вести

Разрешен Јово Вангеловски, за в.д. претседател на Врховиот суд избран Фаик Арслани

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување. За […]

Вести

Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија во Врховниот суд е поради нестручно и несовесно постапување. Точката […]

Бизнис

Дизелот поскапува половина денар, поевтинува БС 95

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар, а за тој износ поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинства од  ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на […]