TOW#488 – Без компас

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Компас е направа која им помага на голем број луѓе да најдат во која насока се движат или да им помогне во која насока да се движат.

Но, ние некако како да сме го изгубиле компасот и не знаеме во која насока се движиме или кон каде сакаме да се движиме. Набљудувајќи го целиот свет, но еве, да не збориме за целиот свет, да се фокусираме на нашата држава, ќе сфатиме дека немаме јасна визија кон каде одиме и што сакаме, а овдека најмногу мислам на економскиот дел од општеството.

Кога сте без компас, се движите во сите насоки, без некој редослед, пробувате на сите врати, па која се отвори, таму да влезете…. едноставно очекувате во еден момент среќата да ви се насмевне.

Но, како побргу да ве огрее сонце или среќата да ви се насмевне? Како побргу да го најдете својот компас?

  • Планирање – неколку пати сме збореле за планирањето и за неговата важност, но овде ќе му дадам посебно внимание. Знаете како, без добро планирање, навистина ќе ви треба компас за да ви помогне каде да се движите, но сигурно нема да ви каже дали добро се движите во тој правец!
  • Стратегија – еве, запрашајте се: кој од вас има стратегија за она што го прави? Дали знаете некој бизнисмен или некоја компанија која има направено стратегија? Ако да, колку од нив и дали они се сигнификантен број во вкупната бројка? Стратегијата не е библија, таа е насока која ви помага кон каде да се движите и како тоа најдобро да го направите
  • Стравови – стравовите се најчеста причина да се најдете во ситуација кога сте без компас. Стравот се јавува најчесто поради тоа што фирмата или околината се движи во насока која е непозната или поради тоа што не сакаме да направиме некои промени, па едноставно, ќе си тераме по старо! Стравот е најдобар пријател на паниката и кога ќе се здружат, лутање без компас е неминовна работа. Пробајте да немате страв,а со самотот тоа и ќе овозможите да ја најдете и насоката на ваше движење.
  • Фокус – само со фокус на она што сте го наумиле да го направите или да го остварите, само со фокус на вашите идеали и напори, само со фокус на работата и кон нејзе, ќе имате јасна визија кон каде одите. Дефокусираните луѓе се луѓе без компас, и немојте да дозволите да ве навлечат на нивната воденица.
  • Знаење – без знаење (теоретско и практично), неминовно е да сте без компас. Знаењето е основа на сите понатамошни напредоци и е фундаментално за развојот и за растот на еден човек или компанија. Само со соодветно знаење и образование можете да бидете спокојни дека компасот секогаш ќе биде во вашите раце.
  • Работа и труд – кој работи има право да греши, кој греши напредува. Само со работа и со труд можете да знаете дали се движите во вистинска насока или не. Ако сте мрзелив или чекате некој друг да ви ја заврши работата наместо вас, така ќе биде и со целиот ваш живот, а со тоа, компасот ќе го има некој друг за вас, наместо вие за самите себе!

 

Има уште многу работи кои може да ви помогнат околу тоа како да го најдете вашиот компас и како да се движите во насока која е за вас посакувана, но на вас е дали компасот ќе биде кај вас или некој друг ќе го има наместо вас.

Со успех во промените

@kalinbabusku


Вести

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието вечерва ги разреши од функцијата министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика. Министрите беа разрешени со мнозинство гласови. […]

Вести

Вкупно 12 повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Виена (ДПЛ)

Вкупно 12 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една петкатна станбена зграда во австрискиот главен град Виена, соопшти вечерва локалната полиција. По експлозијата се урнал дел од зградата, поради што останатите станари […]

Вести

Финансиска полиција: Акцијата во Љуботен наменета против нелегалниот увоз на тутун

Управата за финансиска полиција денеска преку соопштение информира дека вчерашната акција спроведена во селата Љуботен, Сингелиќ, Визбегово и Арачиново била наменета против нелегалниот увоз, производство и трговија со недозволената сорта тутун „вирџинија“, а не била […]