TOW#481- Што не нѐ прави лидер?

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Едноставното прашање, што го прави лидерот лидер, ги збунува и најдобрите умови кои се занимаваат со таа тематика. Напишани се многу книги, но и понатаму вистинска реткост е да се види смислена дефиниција за лидер за која нема да мора да размислувате со саати. Тоа на многумина им прави проблем, бидејќи би сакале да знаат како да препознаат добар лидер. Проблемот станува поизразен со тоа што многумина се нарекуваат себеси лидери, а ретко кој и навистина е.  Камењата на сопнување често се поврзани, па за полесно снаоѓање да погледнеме што не е во описот на добар лидер, иако многумина тврдат дека е.

Позиција на врвот на хиерархијата на претпријатието не нѐ прави лидери

Лидери  често ги нарекуваме луѓето кои се во најтесното раководство на претпријатието, членови на менаџерскиот тим или членови на одборот. За нивна жал и за жал на оние кои така ги нарекуваат, тие се само членови на раководството на претпријатието. Лидер не се станува автоматски со достигнување на одредено ниво во хиерархијата или со одредена плата. Се разбира, можно е кај некои да се разбуди нагонот за водење кога еднаш ќе дојдат на позиција, но нема гаранции за тоа.  Фактот дека поседуваме одредена титула не нѐ прави лидер. Важи и обратното, некој може да биде водач/лидер и без титула или позиција, но ако им недостасува титула, ги занемаруваме нивните лидерски способности. За лидерот е важно да им е пример на своите вработени, на колегите, на семејството и на пријателите. Лидер е оној кому луѓето му се обраќаат кога имаат некаков проблем и за кој веруваат дека ќе ги изведе на вистинскиот пат. Титулата на хиерархиски надредените не всадува доверба, емпатија или инспирација кај тие луѓе; само прашањето е дали сме ние подготвени тоа и да им го кажеме.

Не постојат одредени атрибути кои нѐ прават лидери

Кога зборуваме за лидери, повеќето веднаш помислуваат на доминантен, харизматичен поединец способен да инспирира и да поведе маса луѓе. Во тоа ни одмагаат романсираните биографии на големите војсководци од историјата, кај кои најважното е дека војувале. Ретко кој од нас ќе поведе војска во војна, а секојдневните активности и не личат баш на војна.  Тоа што никогаш нема да бидеме како Александар Велики или како Наполеон, тоа не е лошо, и не би требало да нѐ обесхрабри (иако целта на нивното постојано истакнување е  баш таа-да нѐ обесхрабри).

Важно е да се биде лидер во секојдневни ситуации, а такви секој ден имаме на претек.

Не мора да сме екстровертни или харизматични за да станеме лидери. Оние харизматичните автоматски не стануваат и лидери. Влијанието кое го шириме околу себе и го споделуваме со другите, разговорите кои ги водиме, и начините на кои ги водиме, советите кои ги даваме, и начините на кои истите ги примаме, креативноста и иновативноста во секојдневниот живот, се некои од важните карактеристики кои добриот лидер мора да знае да ги примени. Меѓутоа, тоа не значи дека поседувањето на тие особини е нужно за да се стане лидер.  Лидерот е посебен за себе и за своите следбеници, и има нешто поради кое баш тој е лидер на тие луѓе, а не некој друг. Не двоумете се да станете лидер имајќи го оружјето од способности со кои располагате, и не плачете над судбината која ве спречила да бидете Ханибал или Патон. Се додека на вас и вашите пријатели вашите способности им помагаат да стигнат до посакуваната цел, на начин прифатлив и за нив и за вас, преземете го водењето на себе!

Менаџерот не е лидер, и обратно.

Луѓето често ги мешаат овие поими, менаџер и лидер─што и не е чудно. На времето и Фајол ги опишувал водењето и мотивирањето како едни од менаџерските задачи. Со тек на време од тие задачи се развиле различни менаџерски специјалности, и благодарејќи на потребите на организациите се одвоиле во посебни функции. Со оглед на тоа дека никој од нас не е одговорен само за една функција, често доаѓа до преклопувања, а со тоа и до мешање на улогите. Така е и со водењето. Имате работа за која сте одговорни? Тоа не е лесна работа, и добри менаџери се потребни. Менаџерите планираат, надгледуваат, координираат, решаваат, вработуваат, даваат откази, и уште многу други работи. Менаџерите поголемиот дел од своето време го поминуваат во решавање на разни задачи, и со тоа ја прават фирмата ефикасна, просперитетна и посакувана. Меѓутоа, тие често не работат ништо повеќе од тоа, односно не работат со луѓето колку што би требало. Се разбира, постојат и менаџери кои се воедно и лидери, но такви луѓе, за жал, се сѐ уште само исклучоци.

Што не нѐ прави лидер?

Од друга страна, лидерите ги водат луѓето; тоа значи дека која било личност подредена на менаџерот може да биде лидер, доколку постои одреден тим на луѓе кои ги води. Со други зборови, тој/таа повеќе ги води луѓето отколку што управува со работата која треба да ја извршува. Лидери на смена, лидери на тим, членови на одбор, па и членови на некој тим на пониска позиција, се многу често лидери со самото тоа што нивната грижа за луѓето, нивниот начин на управување со вработените, примерите кои ги даваат, не се само од важност за оние кои се дел од нивното влијание туку и за целото претпријатие. Освен тоа, и обичниот работник може да им биде лидер на своите колеги или лидер на некој привремен тим.

После сѐ, што е всушност лидерството?

Лидерството е улога која секој може да ја преземе, ако знае како, и ако се осмели. Во случај да знае како, луѓето ќе го следат, бидејќи луѓето секогаш го следат лидерот кој се докажал дека може да ги води. Лидерството е процес на социјално влијание кој ја максимизира работата на другите со намена ─ остварување на една заедничка цел. Работата на другите во овој случај се максимизира со помош на лидерите кои ги поттикнуваат и ги инспирираат членовите на својот тим. Дефиницијата вклучува пронаоѓање и остварување на нешто подобро и поголемо, а не само влијание без напредок во остварување на целта.

Лидерот тргнува од полето на социјално влијание, а не од авторитетот или од моќта. Лидерот луѓето околу себе ги прави подобри, а оттаму и повлијателни во секој аспект од нивниот живот, и тоа на темелите на сопствениот пример, бидејќи луѓето ги доживуваат како личност на која ѝ се верува.  Најдобрите лидери ги собираат луѓето од сите нивоа на општеството, па изгледа дека оние со најголемо ниво на социјално влијание се воедно и најдобри лидери.

Секоја личност може да биде успешен лидер, без разлика како изгледа, и каков е неговиот или нејзиниот стил на водење. Задача за нас кои сакаме да станеме лидери е да го пронајдеме својот стил, и да го промовираме на најдобар можен начин.  Затоа, не чекајте титули; лидерството не е нешто што кој било може да ви го даделидерството мора да го заслужите, и сами да си го земете.

Со успех во промените,

Игор Пурета

Претседател на Управен одбор на Grawe Хрватска

www.igorpureta.com

*Оригиналниот текст на хрватски јазик може да се прочита на следниот линк.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]