TOW#477 – Доверба


„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

„Довербата се гради со години, но можете да ја изгубите за само еден час/ден” – ова ми го кажа Загорка, мојата класна уште кога бев 4-то одделение. И од тогаш ова постојано ми заѕвонува во глава и никако да ми искочи.

Во ова време кое е повеќе невреме, довербата е на толку ниско ниво, да можам да кажам дека е сведена на нула. Никој никому не верува и ако треба да верува, се наоѓаат изговори како да не се верува на другата страна. Од старт влегуваме со недоверба на работите и колку и да нè уверуваат во спротивното, едноставно не ни сакаме да помислиме дека е поинаку туку едноставно, си тераме со недоверба. И ако се случи нешто, си се оправдуваме со моментот: ете, знаев дека не треба да му/и верувам, а всушност не сме ни свесни дека сами си го повикуваме тоа за да си се оправдаме и да си потврдиме дека сме биле во право.

Но, како да ја вратиме или задржиме довербата?

  • Сигнали – внимавајте какви сигнали испраќате на луѓето околу вас затоа што според нив луѓето ве одредуваат. Ако сте декларативни во определбите, така и ќе ве разберат. Испраќајте сигнали на доверба и желба за верба во луѓето и она што го правите.
  • Претпоставки – немојте да претпоставувате туку прашувајте. Претпоставките се основа на секој проблем. И уште згора на тоа, ако тргнете со претпоставка на недоверба за другата страна, е тогаш сигурно ќе се појави проблем!
  • Други перспективи – бидете отворени и за други перспективи и размислувања, па дури и различни од вашите. Не значи дека сте вие секогаш во право, можеби она што имаат да ви кажат е ОК.
  • Светот во кој живеете – немојте да живеете само во својот свет на заблуди и недоверба. Светот и не е толку лошо и расипано место за живеење, а доколку и вие кажете дека светот е едно расипано место за живеење, па автоматски и луѓето во него, тогаш тоа не е добро за вас…
  • Вештини – развивајте вештини на доверба прво кај себе, па после кај другите. Вештини на меѓучовечки релации и способност за функционирање во група, а не сам, вештини на отворена комуникација со самите себе, па и со сите околу вас.
  • Слушање – слушајте со почит и со целосно внимание. Бидете емпатични и сензитивни со потребите на другите околу вас и јакнете ја довербата кон вас со тоа што ќе дозволите луѓето да ви доверуваат работи, затоа што знаат дека ќе ги разберете.
  • Кредибилитет – признајте кога ќе направите грешка (луѓе кои се секогаш во право иритираат), признајте кога нешто не знаете (човечки е да не знаете сè во животот) и секогаш зборувајте ја вистината (основа за да имате кредибилитет кај некого). Ако едно од овие свети тројства го немате или е намалено, кредибилитетот ви е ставен под знак прашање!

 

Довербата е основа за безбедно и продуктивно опкружување, како дома, така и на работа и има моќ да промени многу работи. Се надеваме дека овие совети ќе ви дадат корисни идеи како да се движите кон поотворена и доверлива околина. Довербата ја градиме уште од мали нозе, па промените кои ќе се случат кај вас, пренесете ги и на помалите.

Со успех во промените

@kalin.babusku


Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден - МИА
Вести

Без посета на гробиштата за Задушница и Духовден

Скопје, 5 јуни 2020 () – Православните верници овој викенд за празникот Задушница и Духовден нема да може да ги посетат гробиштата. Забраната е согласно одлуката за забрана за движење на Владата, а според која […]

Забраната за движење не ја почитувале 33 лица, приведени 20, 112 лица не носеле заштитни маски - МИА
Вести

Скопје, Куманово, Штип, Тетово и 12 околни општини во 80-часовен карантин, останатите со дневни рестрикции

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од синоќа во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, […]

Пехчевец го загуби животот при работа во шума - МИА
Вести

Едно лице нападнато со метален предмет на автобуска постојка во с.Петровец

На 03.06.2020 во 16.22 часот во СВР Скопје, Т.Д.(49) од с.Петровец, скопско, пријавил дека околу 08.00 часот на автобуска постојка во с.Петровец бил нападнат со метален предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување […]