TOW#471- Желби за себеси…

 

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Донесување на новогодишни резолуции почна како мода од западниот свет која ја прифативме без никаков приговор, но според некои статистики до коишто стигнав, само мал број луѓе се придржуваат до нив, а уште помал број ги остваруваат.

Хммм, или нашите очекувања се преголеми или малку сме се прецениле во моментот кога сме си ги поставувале. Не за друго, не можам и не сакам да ве замислам да се разбудите сабајлето на 01.01 следната година разочарани дека ништо или многу малку од тоа што сте посакале, ви се остварило.

Затоа:

  • Бидете искрени кон себе – голем број луѓе не ги замислуваат желби врз основа на она што е значајно за нив туку ги поставуваат врз основа на туѓото размислување или туѓите желби, од страв или од срам дека некој може да ги направи помалку вредни. Да се биде искрен кон себеси е најтешко, па можеби и тоа треба да ви биде првата желба за оваа година!
  • Едно по едно – обидувајќи се да постигнеме повеќе цели одеднаш, се губиме по патот и на крај од толку многу желби, ниедна не се остварува. Најдобро е да почнете во остварување на вашите цели/желби една по една. Дополнително на ова, велат дека е најдобро да се почне со некоја која само ќе придонесе дополнително позитивно во остварување на следната и така по ред…
  • Мали чекори – како што кажал првиот астронаут кој слетал на месечината, ова е мал чекор за мене, но голем за човештвото. Така и за вас, почнете со мали и остварливи чекори, и во текот на неделите/месеците само зголемувајте ги!
  • Околината – ако нештата од вашата околина го попречуваат вашиот напредок, променете ги. Треба да ја промените исхрана, наполнете го фрижидер само со здрава храна. Сакате да се будите порано сабајле, ставете будилник подалеку од вас, за да мора да станете… што да ви кажам, ем сакате да се промените, ем не сакате да промените ништо околу вас!? Е, па не идат тие две работи заeдно.
  • Фамилија и пријатели – едно од најважните желби кои секако треба да ви бидат на листата на желби кои ќе треба да ги поправите или да обрнете малку повеќе внимание. Дополнително на тоа, некои од нив сигурно ќе ви помогнат во остварување и на другите…

Ви посакувам многу здравје и разбирање во Новата година, успех на работа и дома, а на тие кои ќе си постават желби им посакувам поголемиот број од нив да им се остварат.

 

Време е за поубава иднина!

@kalinbabusku

Вести

Русија го призна новото уставно име

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската […]

Вести

Најмалку тројца загинати и деветмина повредени при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција. […]

Вести

Поповски: За потребите за набавки во УБК бевме известувани писмено и усно

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер […]

Вести

Концентрација на моќ кај премиерот, главна забелешка за предлог-законите за АНБ и за координација на безбедносно разузнавачката заедница

Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на […]

Вести

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото […]

Бизнис

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска […]

Балкан

(ВИДЕО) Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзи на интернет

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет. Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна […]

Интересно

Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала. Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*