TOW#470 – На крајот на годината

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

На сè доаѓа крај, па и на годината. Период кога најголем број од нас сме фокусирани околу организација на прослави и планови за најубав помин за најлудата ноќ, патувања и одмори…

Но луѓе, годината уште не е завршена. Чекајте, не го затворајте мозокот, има уште толку многу што треба да се направи до крајот на годината!

Искористете го овој период да ги направите следниве работи:

  1. Ревизија на претходната година
    1. Тимот – седнете со тимот и разговарајте околу тоа што поминало добро во изминатата година, што е она што можело да се поправи и каде сте правеле најмногу грешки. Дополнитлено на ова, направете ревизија на тимот и видете дали луѓето кои работат со вас или се во вашиот тим, се соодветни луѓе и кои сè работи би требало да ги поправат во иднина.
    2. Финансии – прво направете сами ревизија на финансиите и што е она што можело да се направи подобро. Видете каде сте потрошиле најмногу пари, за што и што е она што сте можеле да направите за да не ви отидат толку пари на (не)потребни работи. Исто така, разгледајте го и приливот и видете каде сте можеле да направите некое подобрување и како сте можеле истото да го направите. После тоа, доколку сте сопственик на компанија, седнете со вашиот сметководител или финансиски гуру и направете ревизија на вашето финансиско работење.
    3. Цели – се надевам дека на крајот на претходната година сте си поставиле некакви цели или работи кои би сакале да ги постигнете, па сега е време да видите дали се постигнати или, пак, зошто НЕ J
  2. Планови за наредната година
    1. Тимот – доколку е потребно зголемување или намалување на тимот, направете соодветни планови. Дополнително на тоа, врз основа на ревизијата на вработените или членовите на тимот, направете план за унапредување во некои вештини кои ќе придонесат кон личен, но и професионален развој, прво на индивидуално ниво, а после тоа и на групно ниво.
    2. Канцеларии – доколку се зголемува тимот, веројатно треба да размислувате и за некои нови канцеларии или, пак, веќе постојните да ги преуредите и да им дадете некоја свежина.
    3. Финансии – задолжително да се направи план на приливи и одливи кои би требало да бидат во корелација со сите новини кои сакате да ги внесете во вашето работење. Сето тоа, ставете го во една табела која ќе може во текот на годината да ја мониторирате и да можете да видите дали и колку сте биле добри во планирањето. Оваа табела ќе ви биде и убав момент за ревизија во текот на годината на приливите и на одливите
    4. Цели – време да се постават нови цели/планови кои би сакале да ги постигнеме во Новата година. И нив мора некаде да ги запишете, не за друго, ќе ги заборавите, а ако се некаде напишани, од време на време, ќе може да се потсетувате… Гледајте да поставувате неколку (макс. 7 цели меѓу кои се и приватни и службени) и да бидете малку повеќе од реални, за да може да се притискате за да ги остварите.

 

@kalinbabusku  @tipoftheweek


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]