TOW#469 – Тебе да ти е убаво!

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Тебе да ти е убаво!” (или по струшки – „Тебе да ти е убо!”), е фраза која за прв пат ја слушнав од еден мој пријател од Струга. Во ситуација кога јас му раскажував какви работи сум си купил за дома, и колку сум среќен поради тоа, тој ми вели – „Супер! Тебе да ти е убаво!”.

Мене многу ми се допадна таа фраза, бидејќи покрај тоа што има хумористична нота, ако се навлезе длабоко, има огромна синтактичка вредност и ефект. Самата фраза се основа сосема спротивно на она што се случува во меѓучовечките односи на социјално и на психолошко ниво кај нас, но и пошироко. Самата фраза „Тебе да ти е убаво”, не се однесува на нас лично (ЈАС), туку на другиот, соговорникот (ТИ). Во ова време на индивидуализација, изолација и сегментација, време кога сите си мислат само на себеси и што добивам ЈАС во некоја ситуација, овој концепт, концепт на социјално размислување и размислување за другиот, а не за себе, може да биде еден вид клуч за јакнење на меѓусебната комуникација, да го подобри меѓусебното разбирање, а со тоа и соживотот помеѓу луѓето.

Во Емоционалната писменост, секоја емоција или состојба има своја спротивна емоција. Така, концептот на  Его (ЈАС) е спротивно на Емпатија (ТИ). Денес, нашето ЈАС е огромно и не остава многу простор за развој на Емпатијата (ТИ – перспектива). Поради тоа, овој концепт можеби ќе влијае (колку толку) на менување на тој сооднос.

Според моето мало истражување, помеѓу стружани, но и жители на други градови во Македонија (за познавањето и користење на овој израз), заклучив дека, покрај тоа што најмногу се употребува во Струшко-Охридскиот регион, самиот концепт може да има различна примена:

  1. Вистинска поддршка на соговорникот: искрена, позитивна конотација. Кога ви е искрено мило за соговорникот и го поддржувате во неговите планови. Кога навистина сочувствувате со нив и ви е мило за нивните успеси, дела или акции.
  2. Иронија/Критика: кога сакате да бидете саркастични и да испратите погрешна порака, се користи во ироничен контекст. Кога некој си мисли само на себе (кога е себичен) тогаш соговорниците знаат да ја искористат оваа фраза да бидат иронични кон таа личност, со цел да му испратат порака дека можеби се однесува себично.
  3. Советодавно: некогаш кога сакаш да заштитиш пријател, роднина, колега кој премногу се дава за другите и знаете дека може да биде повреден во дадената ситуација, го советувате да ја одбере таа опција затоа што за него е подобра.
  4. Хумор: се употребува и во разни други ситуации, кога можеби и нема некоја посебна поента. Се употребува како фраза со која било тема на разговор, чисто хумористично.

Што и да е причината за користење на оваа фраза, во секој случај, се однесува на другата личност (не на себе), и може да биде корисна во менување или подобрување на односите помеѓу луѓето. Но, доколку почнете повеќе да ја користите оваа фраза, најважно е вашата намера во заднина да биде вистински позитивна.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Вести

Русија го призна новото уставно име

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската […]

Вести

Најмалку тројца загинати и деветмина повредени при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција. […]

Вести

Поповски: За потребите за набавки во УБК бевме известувани писмено и усно

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер […]

Вести

Концентрација на моќ кај премиерот, главна забелешка за предлог-законите за АНБ и за координација на безбедносно разузнавачката заедница

Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на […]

Вести

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото […]

Бизнис

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска […]

Балкан

(ВИДЕО) Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзи на интернет

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет. Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна […]

Интересно

Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала. Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*