TOW#468 – Нови работни простории

 

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

 

Мислам дека кога колегите ќе го видат насловот, ќе ме умрат од зафркавање, но навистина, последниве неколку месеци сум толку многу ангажиран околу наоѓање нови работни простории, така што не можев да спијам.

Или моите барања се преголеми или навистина она што се нуди на пазарот не е тоа што ми треба. Најдовме многу,  но од сè што видовме не беше според нашите барања и така не можеме да најдеме нешто соодветно.

Во фирмата, вработените се шегуваат и прашуваат: – што е тоа што е соодветно?! Но,при барањето простор  потребно е да се задоволат неколку потреби и причини:

  • Иднината – новите канцеларии треба да ги задоволат потребите на идниот развој или пад на вашиот бизнис. Нормална е доколку планирате развој на фирмата да имате потреба од поголеми канцеларии, но за жал и обратно.
  • Распоред – моменталниот распоред на поставеност на собите, во кои се сместени вработените, не одговара на моменталниот органиграм што го имате, а со правилна поставеност, ќе ја зголемите ефикасноста во работата кај колегите.
  • Цена – со тек на време, цените на просториите за изнајмување се намалуваат во однос на квадратурата која се нуди. Не е на одмет од време на време да видите како стојат цените, ќе се изненадите.
  • Пристапност – новите простории треба да бидат попристапни од претходните, како за вашите вработени, така и за потенцијалните клиенти. Да имаат во близина место за паркирање на превозните средства или станица за јавен превоз.
  • Светло – сите знаеме дека природното светло е најдобро за осветлување на работните простории, па соодветно на тоа и новите работните простории треба да бидат со подобро и поголемо природно осветлување.
  • Технологии – во време на Интернет и постојана зависност од Интернетот, во новите простории не смеете ни да помислите да не бидат без добра техничка инфраструктура.
  • Амбиент – дали е лесно да се загрее или да се олади, е доста важно. Дали е на градско парно или има сопствено греење или,пак нешто друго. Ако е со сопствено греење, цените за струја ќе бидат високи во зимскиот период, што треба да се планира во финансиската конструкции, но затоа немате никакви плаќања во текот на летниот период.
  • Старост на просториите – сигурен сум дека не сакате од старо да се вселите пак во старо… нешто што минимум треба да го барате е подобро од она во што сте сега, секако, доколку можете да си допуштите.
  • Газдите – ќе се зачудите, но каков газда имате сега и што е она што очекувате од новите газди е доста важно за иднината на вашата компанија. Сè е убаво со сопствениците на просториите додека трае преговарањето, но во самиот момент кога ќе се вселите, го осознавате нивното вистинско лице.

 

И кога на сите овие работи, кои јас ги барам од новите канцеларии, ќе дадете малку повеќе значење, ќе видите колку е тешко да се најде нешто соодветно кое ќе задоволи барем еден дел од нив. На сето ова после доаѓаат и опремата која ќе треба да ја вметнете внатре. Е, тоа е друга тема.

 

Со успех за мене во барањето на нови простории, а на вас, во промените.

@kalinbabusku

Вести

Русија го призна новото уставно име

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската […]

Вести

Најмалку тројца загинати и деветмина повредени при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција. […]

Вести

Поповски: За потребите за набавки во УБК бевме известувани писмено и усно

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер […]

Вести

Концентрација на моќ кај премиерот, главна забелешка за предлог-законите за АНБ и за координација на безбедносно разузнавачката заедница

Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на […]

Вести

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото […]

Бизнис

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска […]

Балкан

(ВИДЕО) Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзи на интернет

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет. Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна […]

Интересно

Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала. Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*