TOW#465 – Различни перцепции

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Сите ние си имаме наши и лични видувања на работите. Имајќи го тоа предвид, сосема е нормално да се заклучи дека не секогаш тие се исти помеѓу двајца или повеќе луѓе.

Ако ги земеме предвид сите фактори кои се околу нас, различните перцепции се сосема нормална работа и само ќе треба да се адаптираме или не, на тоа дека можно е некој да има и различно гледање на работите од нас. Но, проблемот е бидејќи:

  1. Не разбираме зошто некои луѓе различно гледаат на работите од нас!?
  2. Нашиот карактер дека или ќе биде по мое или никако, не ни дозволува да разбереме дека има луѓе со различни перцепции на работите од оние наши размислувања.
  3. Карактерот на соговорникот/соговорниците кој не дозволува да бидете разбрани токму како што треба (односно вашата перцепција).

И сега, во што е проблемот?

Бидејќи на двапати се јавува зборот карактери, некако следува дека проблемот е во нашите карактери, а со тоа и во нашиот начин на гледање на работите (веќе споменат): или ќе биде по мое или нема да биде! Да бидам искрен, мојот совет во однос на ова прашање би бил:

Колку и да е важно соговорникот од другата страна да го уверите дека има и различни перцепции, ако гледате дека од другата страна наидувате на отпор (да не кажам ѕид) тогаш, можеби е време да прекинете со понатамошно уверување или, ако ви е важна личноста, едноставно ќе преминете преку тоа и ќе го прифатите другото гледање на работите, но ќе укажете дека е спротивно од вашето.

Но, прашањето е како да не дојде до различно гледање на работите:

  • Комуникација –
    • Отворена и искрена – доколку не сакате да се соочите со недоразбирање, имајте отворена и искрена комуникација со соговорниците. Секое криење или затвореност неминовно доведува до недоразбирање.
    • Избегнувајте пишана комуникација – луѓето сакаат да се допишуваат и најчесто во пишаната комуникација може да дојде до недоразбирање, а во пишана комуникација многу малку можете да пренесете што сте сакале да кажете. И кога веќе знаеме дека многу малку може да пренесеме, гледајте да се разберете лице в лице или, пак, преку телефон, ако ништо друго.
  • Фокус – освен фокусот на она што вие го презентирате и на тоа да ги уверите тие или тој/таа околу исправноста на вашиот концепт, бидете фокусирани и на она што другите имаат да ви кажат. Потпрашувајте за да ви се објаснат некои работи, не ги предвидувајте работите однапред…
  • Страв – голем број луѓе, од страв од непознато или од рефлексија на сопствените стравови, едноставно се затворени за различни гледања на работите и колку и да звучи чудно, едноставно не се отворени и не прифаќаат други идеи или видувања. Немојте да имате страв од неуспех или успех на работата, но не по ваш начин! Бидете отворени за сугестии.

 

Најважно во целата работа на различни перцепции и како да не дојдеме до нив е сите инволвирани да имаат исти или најмалку слични верувања и желби за да успее работата. Ако тој минимум е исполнет, веројатноста да имате различни перцепции на работите е многу мала, но сепак, имајќи ги предвид карактерите на луѓето и нивната отвореност/затвореност, сепак, можна е различна перцепција на работите.

Со успех во промените

@kalinbabusku

Член на тимот

Вести

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; […]

Вести

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е […]

Вести

Нов пакт меѓу Франција и Германија

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА. Потпишувањето […]

Вести

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори Во овој случај обвинети се […]

Вести

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис […]

Балкан

Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави […]

Интересно

Муралите на Универзитетот Нотрдам ќе бидат покриени поради политичка коректност

Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните […]

Интересно

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада. На официјалната страница на ресторанот […]

Интересно

Неуспешен обид за Гинисов рекорд (ФОТО)

Дечково испратил официјално барање до канцеларијата на Гинисови рекорди во Њу Јорк да пратат свои претставници кои би го забележале неговиот рекорд. Се пофалил дека може да го запамти бројот pi до две цифри. И […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*