TOW#461 – Презафатеност – тренд на денешницата

 

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Oдамна се немате видено со блиските пријатели, никако не можете да ја прочитате книгата што сте ја купиле пред два месецa, немате време за одмор, постојано сте под стрес и чувствувате дека времето ве прегазува? Колку пати до сега ви се има случено да договарате да се видите со некој пријател или пријателка, а тоа видување секогаш го одложувате  „за некој друг ден, премногу сум зафатен/а!?“

Универзалната константа која сите ја разбираме е презафатеноста. Но, дали стилот на живот треба да ни биде предодреден од презафатеноста или дали нешто може да направиме околу тоа со цел да си го подобриме квалитетот на живот?

Зафатеноста е форма на натпревар или статусен симбол? „Ако сте презафатени, тогаш сте успешни!?“ Но, дали тоа е така? Не.  Негативните страни од презафатеноста се многубројни: зголемено ниво на стрес, неможност за концентрација, проблеми со спиењето, а бидејќи постојано ве прогонува чувството дека ништо не можете да постигнете, ве прави несреќни и неисполнети. Постојат повеќе совети кои можат да ви помогнат да се ослободите од ова чувство, еве неколку совети кои јас ги применувам, и досега многу ми помогнале:

  • Поставете приоритети – не може секоја обврска да ви биде подеднакво важна. Поставете приоритети и посветете им доволно внимание. Исто така, чувството на презафатеност е и начин на размислување. Наместо да ве фаќа паника колку обврски имате, убаво разгледајте го вашиот распоред и одредете кои нешта се најважни и кои обврски се неопходно да ги завршите веднаш.
  • Направете план – клучно е претходно да направите план за да се осигурите дека нема да заборавите нешто. Најдобро е наутро да станете порано 15 или 20 минути, убаво на лист напишете ги вашите најважни обврски за денот. Планирањето, исто така, е добро, бидејќи на тој начин вие сте тие што го контролирате вашиот ден и вашите обврски, контролата е во ваши раце.
  • Создадете време за одмор – искористете го одморот за одмор. За да постигнете најдобри резултати, треба да бидете одморени. Ова секогаш ќе биде точно без оглед колку сте презафатени. Дали ви преминува во навика, времето предвидено за одмор да го користиме за да завршиме уште некоја обврска, да се провери електронска пошта, да се проследат новости дури се јаде и слично?
  • Внимавајте со мултитаскинг – правењето повеќе работи одеднаш, стана уште една одлика на современиот човек која само привидно го прави попродуктивен, а всушност го оптоварува дополнително.
  • Кажете „Не“ – бидејќи презафатеноста е конструкција и начин на размислување кој самите сме го создале, само од нас зависи дали ќе се препуштиме да бидеме презафатени или ќе создадеме време за нештата и луѓето што ни се важни. Најдобро е сами да процениме дали треба целиот товар за сите обврски да го преземеме или доволно е да кажеме НЕ.
  • Секогаш имајте време за нештата кои ги сакате – животот е поубав и побогат кога ќе се дружиме со луѓето кои ги сакаме и ги правиме работите кои нѐ исполнуваат. Toa ќе ни даде дополнителен елан и мотивација за да бидеме подобри во сѐ. Затоа, да одвоиме време за тоа што го сакаме и да го живееме секој слободен момент во целост.

 

Со успех во промените

Елена Киселоска

Балкан

Ѕанакопулос: Солун не треба да им врти грб на северните соседи

Денес се стремиме да пратиме порака на демократија, помирување, солидарност и разбирање, а во исто време, на најкатегоричен начин да изјавиме дека Македонија, Солун и Северна Грција не заслужуваат национализам, омраза и нетолеранција, вели портпаролот […]

Балкан

Државна прослава по повод формирањето на Војска на Косово

По денешното усвојување во косовското Собрание на законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично се трансформираат во Војска на Косово, во касараната на ФСК „Адем Јашари“ вечерва се одржа церемонија во организација на ФСК […]

Балкан

Ново обвинение против градоначалникот на Загреб

Хрватската Дирекција за борба против корупцијата (УСКОК) поднесе ново обвинение против загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ. Како што пренесуваат хрватските медиуми, станува збор за две нови обвиненија од аферата „Аграм“. Првото е во врска со работата […]

Балкан

Српската листа ќе се жали на Уставен суд за Војската на Косово

Претседтелот на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, Горан Ракиќ, смета дека Приштина, со денешната одлуката досегашните Безбедносни сили (ФСК) да се трансформираат во Војска на Косово, изврши атак врз мирот во Косово и […]

Балкан

Харадинај: И Србија доби партнер во Војската на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по усвојувањето на законите со кои се формира Војската на Косово, изјави дека новата косовска воена формација ќе биде војска на мирот и во служба на сите кои живеат во Косово, […]

Балкан

Србија бара итна седница на СБ на ОН поради формирањето Војска на Косово

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска најави оти Белград ќе побара одржување на итна седница на Советот за безбедност на Обединети нации поради формирањето на Војска на Косово. – Тоа е најдиректна закана по […]

Интересно

Натали Портман против законот што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“

Холивудската актерка од израелско потекло, Натали Портман во интервју за лондонски „Ал Кудс ал Арабија“ го критикуваше донесениот изралски закон што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“, усвоен јули годинава. – Законот е грешка, […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*