TOW#457 – Надвор од работните задачи

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

 

Креирање на работно место и работни задачи за одредено место, не е лесна работа. Секој работодавец сака повеќе од тоа, а секој вработен сака тоа што се бара.

 

Но, ако работите во просторија со повеќе луѓе или во тим или во работна заедница, а сте индивидуалец, секогаш има некои работи кои можеби и не се напишани, но се потребни од секого. Најмногу од вработените.

 

Некои од работите кои никогаш нема да бидат напишани во вашите работни задачи, а е убаво да ги дадете во новата или веќе постоечка работна средина се:

  • Грижа – грижете се за вашето работно место и околината, како што се грижите дома. Како се однесувате дома, така сте и на работното место! Тука спаѓаат и финансиите, кои иако можеби не се директно ваши, сепак имаат влијание и врз вашиот буџет.
  • Помош – бидете несебични во давањето помош за потребите на колегите, која не треба да биде само декларативна. Секогаш на секого може да му се помогне.
  • Енергија – секогаш внесувајте нова енергија во околината, посебно ако сте новодојдени, но и немојте да ја негодувате новата енергија од новите луѓе.
  • Однесување – однесувајте се со луѓето околу вас, како што сакате вие да се однесуваат со вас.
  • Љубопитност – бидете љубопитни и истражувајте. Бидете љубопитни за вашата работа, но и за работата на вашите колеги. Така ќе ги проширите видиците за нови можности.
  • Проактивности – колку и да сте човек кој дава нови идеи и размислувања, бидете повеќе од тоа, но и поттикнувајте ги вашите колеги да го прават истото.
  • Организација – внесувајте новини во вашата организација на работното место и позиција, но и поттикнувајте ги колегите околу вас за подобрување на тимската работа.
  • Атмосфера – поттикнувајте пријатна работна атмосфера во средината. Внесувајте нова енергија, смеење, но ако не сте човек од смеење, барем немојте да го уништувате туѓото смеење.
  • Прашања – прашувајте цело време, но немојте да ги повторувате истите прашања, само затоа што така треба.

 

Ете, гледате, има безброј работи кои не можат да бидат пишани во вашите работни задачи, но се очекуваат од вас. Едно е најважно, немојте уште од првиот ден да ве прифатат како човек којшто негодува, уништува забава и не се прилагодува во новата средина. Менувајте се и адаптирајте се!

 

Со успех во промените,

 

@kalin.babusku

Вести

Русија го призна новото уставно име

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската […]

Вести

Најмалку тројца загинати и деветмина повредени при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција. […]

Вести

Поповски: За потребите за набавки во УБК бевме известувани писмено и усно

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер […]

Вести

Концентрација на моќ кај премиерот, главна забелешка за предлог-законите за АНБ и за координација на безбедносно разузнавачката заедница

Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на […]

Вести

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото […]

Бизнис

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска […]

Балкан

(ВИДЕО) Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзи на интернет

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет. Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна […]

Интересно

Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала. Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*