TOW#455 – Кои се вашите аспирации?

 

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

 

Деновиве правам доста интервјуа со потенцијални кандидати кои би работеле кај нас (ако знаете некои, нека испратат барање за да им кажеме што бараме) и нормално, поставувам многу прашања. Некои од нив се со формален карактер, но има и доста кои се со неформален карактер.

Но, она што многу ме зачуди е тоа што голем број луѓе со кои се сретнав, особено оние коишто скоро излегле од некоја образовна институција или, пак, се само со неколку години работен стаж, всушност не ни знаат кои им се аспирациите во животот. Многу ретко да најдете некој кој знае што сака.

Знаете како, убаво е човек да знае што сака во животот, независно дали е тоа остварливо или не, барем кога сте мали и не знаете ништо од животот. Со текот на времето, тие аспирации се менуваат и се адаптираат, но доколку не знаете кои се вашите аспирации, тоа не зборува баш убаво за вас.

Но, кога веќе зборуваме за аспирациите и што е она што сакате да бидете кога ќе пораснете, би сакал да споделам со вас неколку идеи или насоки како да дојдете до тоа:

  • Верба во себе и во другите – најважна работа е да имате верба во себе. Луѓето кои веруваат во себе можат и да работат на поставување на цели во животот, па и нивно остварување.
  • Самодоверба – поголемиот број луѓе се задоволуваат со малку, и истите тие луѓе ќе влијаат на вас и вие да се задоволите со малку. Без самодоверба, многу лесно може да потпаднете на нивното влијание. Внимавајте на вашата самодоверба и работете на нејзино зацврстување за цело време.
  • Мотивација – при дефинирање на аспирациите, потребна е и мотивација. Мотивација од самите себе, но и од вашата најблиска околина. Затоа, секоја аспирација искомуницирајте ја со луѓето на кои им верувате, нивната мотивација ќе ви биде повеќе од потребна во иднина.
  • Уникатни – бидете уникатни во вашите желби. Уникатноста мора да ја врзете и со вашето опкружување, но и со вашата
  • Визија – без визија, нема иднина! Секој од нас мора да има визија каде се гледа себе си, сам, со фамилијата, со пријателите… луѓето без визија, се луѓе без никакви аспирации!
  • Креативност – во дефинирање на изборот… за остварување на изборот!

 

Како што поминуваме низ животот и работењето за остварување на соништата, знаејќи кои сте и кои се вашите аспирации, ќе бидат клучни во остварување на целите. Да се стане она што ви била аспирацијата – не е лесно, но без неа вие сте како вонземјанин на планетава, човек без компас. Потребна е голема храброст, упорност и цврсто верување во себеси.

Со успех во промените

@kalin.babusku

Вести

Русија го призна новото уставно име

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската […]

Вести

Најмалку тројца загинати и деветмина повредени при нападот во Утрехт

Градоначалникот на Утрехт, Јан ван Занен изјави дека при нападот во трамвајот загинале три лица, а деветмина се повредени. Претходно, холандската полиција соопшти дека главен осомничен за нападот е 37-годишниот Ѓукман Танис, роден во Турција. […]

Вести

Поповски: За потребите за набавки во УБК бевме известувани писмено и усно

Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер […]

Вести

Концентрација на моќ кај премиерот, главна забелешка за предлог-законите за АНБ и за координација на безбедносно разузнавачката заедница

Преголема акумулација и концентрација на моќ во рацете на премиерот, кој ќе претседава со Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, а ќе го предлага и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), отсутноста на Претседателот на […]

Вести

Мицковиќ добивал закани да не сведочи за случајот „Маџар телеком“

Професорот на Правниот факултет Дејан Мицковиќ, кој од 2004 до 2006 година бил претседател на Бордот на директори во „Македонски телеком“, на денешното рочиште во Скопје за случајот „Маџар телеком“ рече дека уште пред неговото […]

Бизнис

Поскапуваат бензините, пониска цена на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот  и на екстра лесното масло за домаќинствата се намалува за половина денар, одлучи денеска […]

Балкан

(ВИДЕО) Новата албанска туристичка реклама предизвикува контроверзи на интернет

Новата на туристичка кампања на албската држава предизвика одредени негативни реакции на интернет. Со слоганот „Be taken by Albania“ (Бидете обземени од Албанија) и обраќање до холивудскиот глумец Лијам Нисон во рекламниот спот се прави намерна […]

Интересно

Шарлот Кирк: Добивав улоги преку кревет, оти така сакав

Британската глумица Шарлот Кирк признава дека добила повеќе улоги „преку кревет“, но затоа што таа така сакала. Џејмс Пакер, милијардер и поранешнo мoмчe на Мараја Кери, во една прилика ѝ испратил на Шарлот СМС порака со […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*