TOW#451 – Презентација на самите себе

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

 

Секој ден, секој од нас, на овој или на оној начин се презентира пред друг/други. Ги презентираме некои од нашите сервиси или продукти кои ги нудиме или, пак, самите себеси.

Но, она што го забележувам, во последно време, е дека при тие презентации воопшто не обрнуваме внимание на презентацијата, а најмалку на нас самите. Мислиме дека луѓето околу нас на кои им се презентираме или ги презентираме нашите услуги имаат потреба од нас, па самиот момент на презентација не го земаме за сериозно.

Но, драги мои читатели, не е баш така. Сè, ама баш сè се вбројува во тоа дали ќе сакаат да соработуваат со вас или не, па вклучително и тоа како вие се презентирате. Затоа:

  • Облека – немојте да дозволувате она што го носите да го привлекува вниманието на она што сакате да го кажете. Од друга страна, имајте облека во која ќе можете да се чувствувате комотно.
  • Зборувајте чисто – бидете сигурни во она што го зборувате и немојте да замуцкувате или да правите долги паузи.
  • Технички детали – ако при зборувањето користите некои технички детали, објаснете ги, но прво прашајте дали соговорникот/соговорниците ги знаат за да се осигурите дали да инвестирате време во објаснување или не.
  • Паузи – немојте да кажете сè во еден момент, туку правете паузи. Со тоа ќе си дадете момент за да се одморите и да размислите што да кажете следно, но ќе оставите и простор за другите да размислат и да процесираат што сте кажале или сте сакале да кажете.
  • Коса и шминка – немојте да одите на презентација со несредена коса и нападна шминка (за тие што употребуваат шминка).
  • Време – немојте да одземате многу време. Нека ви биде презентацијата кратка и јасна. Ако видите дека другата страна е заинтересирана, тогаш продолжете, во спротивно, прекинете.
  • Култура – однесувајте се културно, и ако се знаете со луѓето извинете се што прекинувате или претставете се или кажете барем добар ден.
  • Однесување – никако надмено однесување, како вие да знаете сè, а тој/таа/тие од другата страна немаат појма.
  • Телото – внимавајте на телото, немојте многу да мрдате лево-десно или да се клатите. Барем за момент бидете мирни, со тоа ем ќе бидете повеќе сконцентрирани ем ќе имате поголем фокус на тоа што го зборувате.
  • Фокус – додека презентирате, бидете со луѓето со кои зборувате, не да правите нешто друго или да дозволите нешто друго да ви го одзема вниманието. Фокусот нека ви биде насочен кон слушателите.
  • Говор на телото – употребувајте, но немојте премногу да се занесете со мавтање на рацете, главата или не знам што…

 

Ете гледате, не е сè до самата презентација туку и има многу и за вас самите. Затоа, кога се презентирате себеси или некои ваши продукти, внимавајте и на себе, може на тоа да „паднете“!

 

Со успех во промените

@kalinbabusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

Вести

Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на морбили

Вкупно 75 случаи со симптоми на морбили (мали сипаници) се пријавени заклучно со вчерашниот ден. За 65 од нив е добиена лабораториска потврда, соопшти денеска Министерството за здравство. Возраста на заболените се движи од осум месеци […]

Вести

Рудникот „Иловица-Штука“ се развива согласно најновите законски измени

Проектот за рудникот Иловица-Штука се развива и согласно измените на законот за минерални суровини, кои на 9 јануари годинава беа изгласани во Собранието на Република Македонија, стои во изјавата на компанијата „Еуромакс ресоурцес“. Додаваат дека […]

Вести

Продолжуваaт протестите и неизвесноста во „Еурокомпозит“

Вработените и работниците прогласени технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска на протест пред фабриката сметаат дека нема на повидок решение за нивните проблеми и најавуваaт протест в понеделник пред владата во Скопје. Во името на […]

Вести

Маж се самозапали на плоштад во Прага

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка. Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според […]

Вести

Маас: Русија може да го спаси договорот ако се откаже од крстосувачките ракети

Русија може да го спаси Договорот за отстранување на ракетите со среден и краток дострел ако се откаже од своите крстосувачки ракети, кои се во спротивност со Договорот од 1987 година помеѓу САД и тогашниот […]

Вести

Европа се подготвува за хаотичен брегзит без договор

Државите од Европската унија трошат милиони, вработуваат илјадници работници и итно даваат секакви дозволи за да се справат со се поголемата веројатност дека на 29 март Велика Британија ќе ја напушти Унијата без договор, и […]

Интересно

Распеани мајмуни прогласени за животни на годината во Зоолошката во Виена

Посетителите на виенската зоолошка градина „Шонбрун“ секој ден можат да уживаат во дуетот на мајмуните Рао и Сипура. Тие се од расата гибони, кои во животинскиот свет се нарекуваат и шумски пејачи. Тој загрозен вид животни […]

Интересно

Кристи Бринкли и на 64 години во одлична форма

Поранешниот супермодел Кристи Бринкли на настан во Њујорк се појави во бел мини-фустан со долги ракави. Инаку, таа има 64 години и е мајка на три деца од три брака. Бринкли во минатото беше мажена со музичарот […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*