ТОW#448– Организациска култура

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментаритеза совети, можете да ги пишувате на Tip Of the Week kако сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Организациската култура е еден од оние аспекти во управувањето со компаниите коишто не е едноставно да се дефинираат, а сепак сериозно може да влијаат на стабилноста и на успешноста на компаниите преку инволвирање на сите вработени.  Истражувајќи повеќе на оваа тема, една од најчестите причини поради кои најголем дел на организациите кои се соочуваат со кризни ситуации пропаѓаат е поради немањето на јасно утврдена организациска култура, односно заеднички сет на вредности и норми помеѓу вработените кои се во склад со целокупното работење на компанијата.

Сепак, организациската култура не се однесува на тоа дека сите вработени треба да имаат исти ставови и размислувања, туку на тоа како сите вработени,вклучувајќи го и менаџментот „ги прават работите“, како комуницираат меѓусебно и со соработниците, како ги извршуваат секојдневните активности, а со тоа и како влијаат на создавање на одредена препознатливост на компанијата во однос на останатите. Ако компаниската структура и поставеност на улогите во тимот е телото на компанијата кое треба да ја движи компанијата напред, тогаш културата е духот што ја оддржува компанијата.

Бенефитите од силна организациска култура се многубројни и се однесуваат на отворена и транспарентна комуникација помеѓу вработените, создавање заемна почит и доверба, мотивирани вработени кои сакаат да ја следат визијата и мисијата на компанијата што доведува до желба за остварување на заеднички цели, намалена стапка на флуктуација на вработените и слично.

Со цел да создадетесилна организациска култура, предлагам неколку начини што може да ви помогнат:

  • Добро познавајте ги потребите на вашите вработени – вашите вработени се моторот кој треба да ја движи компанијата напред, но колку навистина добро ги познавате? Што ги мотивира? Со кои проблеми се соочуваат на работното место? Дали сте се обиделе да зборувате со нив и да ги надминете проблемите? Доколку не ги познавате добро вработените, голема е веројатноста да ја изгубат страста кон работата кога ќе се соочат со некој посериозен проблем.
  • Создадете работна средина на почитување и доверба – не за џабе кажале старите – „однесувај се кон другите онака како што сакаш да се однесуваат контебе“. Кога се создава динамична организациска култура, различните размислувања или различните вредности од нашите, не мора да значи дека нечија перспектива е погрешна. Едноставно потрудете се да имате доверба во вашиот тим и прифатете го и почитувајте го различниот став од вашиот.
  • Никогаш не ја заборавајте „вистинската“ причина зошто постои компанијата – секоја компанија треба да има јасна визија, мисија и цели што сака да ги постигне, но многу често „вистинската“ причина – зошто постои компанијата и зошто е таа толку важна на компанијата, не е доволно јасно искомуницирана со вработените.
  • Јасно дефинирајте ги клучните вредности на вашата компанија – организациската култура не треба да се заснова на хиерархиска поставеност, туку на вредности кои секој во компанијата, вклучувајќи го и менаџментот, ги живее. Ако не постојат норми, правила, јасно дефинирани улоги, отворена комуникација и слично, кои ќе ги поддржат клучните вредности, компанијата многу лесно може да премине во ранлива структура која нема да може лесно да ги надмине кризните ситуации.
  • Бидете пример за своите вработени – вработените секогаш ќе гледаат како се однесуваат менаџерите во клучни ситуации, колку се одговорни во реализација на активностите, како донесуваат одлуки, колку се почитувани од другите и на тој начин директно ќе го рефлектираат „оправданото“ однесување кај нив.

Создавањето на стабилна организациска култура не е лесна работа, но е многу важна и моќна за „наметнување“ на влијанието на однесувањето кај другите. Како што стануваат тимовите сè повеќе диверзифицирани и компанијата расте, предизвикот да се води компанијата кон успешни резултати е уште потежок.

 

Со успех во промените,

Жаклина Герасимовска

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

Вести

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; […]

Вести

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е […]

Вести

Нов пакт меѓу Франција и Германија

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА. Потпишувањето […]

Вести

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори Во овој случај обвинети се […]

Вести

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис […]

Балкан

Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави […]

Интересно

Муралите на Универзитетот Нотрдам ќе бидат покриени поради политичка коректност

Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните […]

Интересно

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада. На официјалната страница на ресторанот […]

Интересно

Неуспешен обид за Гинисов рекорд (ФОТО)

Дечково испратил официјално барање до канцеларијата на Гинисови рекорди во Њу Јорк да пратат свои претставници кои би го забележале неговиот рекорд. Се пофалил дека може да го запамти бројот pi до две цифри. И […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*