TOW#445 – Работење од далечина

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментаритеза совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Сите ние сакаме да работиме од далечина, а при тоа да бидеме продуктивни. Секоја компанија сака да има такви луѓе кои ќе може да работат од надвор, а сепак да ги извршуваат работите на време.

Но, на секого и секогаш им се поставува истото прашање, како да се биде продуктивен при таков начин на работење? Секако, да се имаат одговорите на ова прашање не е едноставно, а да беше така, тогаш најголемиот број компании ќе имаа такви луѓе во својата средина. Јас може да споделам некои работи кои до сега ги имам искусено во соработка со такви луѓе, но и од наше лично искуство (практично и теоретско) за соработка со фирми:

  • Средби – зависно од динамиката на работата, потребни се неделни и месечни средби. На почетокот, потребно е да се гледате барем еднаш неделно, додека работите не добијат некој тек, за да после тоа се пренесат тие средби на еднаш месечно.
  • Фокус – сите инволвирани во работата треба да бидат максимално фокусирани на работата што ја работат. Не е проблем во текот на денот да се работат неколку работи, но кога го работиш тоа што треба во тој момент, тогаш биди фокусиран. Ова го потенцирам затоа што најчесто работењето од далечина се поврзува со работа од дома, а сите знаеме дека кога си дома, и дома има и многу „домашни” работи што знаат да те дефокусираат.
  • Подготовка – иако работите од далечина, подгответе го умот дека работите!! Не сте дома, туку сте на работа која во моментот ви е дома. Ако сте рекле дека ќе работите од дома, тоа не значи дека сте дома, туку сте на работа, но сепак дома. Па така, кога ќе станете, подгответе се како за на работа, дотерајте се и одите на работа (читај: дома во некоја друга соба)… не да седите по домашна облека или разбушавени.Зарем така би оделе на работа?
  • Мониторинг – бидејќи се работи за работа од далечина, тогаш е убаво да се искористат некои од денешниве алатки (некои и се бесплатни) за да се дефинираат задачи кои треба да се завршат на дневно ниво, со мониторинг на нивното завршување, и дефинирање на задачи на неделно/месечно ниво.
  • Комуникација – со ваков начин на работа, потребна е почеста комуникација. Денеска комуникацијата е повеќе од достапна и треба да се искористат сите тие алатки за да може почесто да се слушате/гледате.

Ете, како што може да видите, работењето од далечина може да е едноставно, но и не е така како што изгледа. На крај, сè се сведува на посветеноста на луѓето кои се најмени да работат од далечина, нивната искрена намера навистина да бидат лојални и да го завршат она за што е договорено, но и на довербата и отвореноста на другата страна за нови предизвици и начини на соработка.

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

Вести

Јавна седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница на која, како што е најавено, треба да бидат разгледани и освоени процедури и правилници за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи; […]

Вести

Правосудниот испит пак ќе се полага усмено и писмено пред стручна комисија

Воведување усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми за процена на знаењето на кандидатите, предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за правосудниот испит, што е […]

Вести

Нов пакт меѓу Франција и Германија

Емануел Макрон и Ангела Меркел денеска треба да го потпишат текстот на договор за јакнење на француско-германските односи за да испратат позитивна порака до Европската унија ослабена со порастот на национализам, јавува дописникот на МИА. Потпишувањето […]

Вести

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. На последното рочиште беа презентирани материјални докази – документи, списоци од избирачки места, телефонски разговори Во овој случај обвинети се […]

Вести

Схенк: Русија не стои зад лажните вести од Македонија

Ловецот на лажни вести кој ја откри кумановската мрежа, Мартен Схенк, во интервју со дописничката на МИА во Брисел, раскажува како успеал да ги пронајде членовите. Тој вели дека не станува збор за организиран бизнис […]

Балкан

Продолжува комисиската расправа во грчкиот Парламент за Преспанскиот договор

Во 10.30 часот по локално време, денеска продолжува расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент за нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа, јави […]

Интересно

Муралите на Универзитетот Нотрдам ќе бидат покриени поради политичка коректност

Универзитетот Нотрдам во САД соопшти дека ќе ги покрие муралите на оваа католичка образовна установа, кои го прикажуваат пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка. Тоа следи по критиките дека тие се навредливи и понижувачки кон домородните […]

Интересно

Бон Џови дели бесплатни оброци за државните службеници што останаа без плата

Ресторанот на рокерот Џон Бон Џови во Њу Џерси ќе им дели бесплатен оброк на државните службеници кои останаа без плата поради делумното блокирање на работата од американската Федерална влада. На официјалната страница на ресторанот […]

Интересно

Неуспешен обид за Гинисов рекорд (ФОТО)

Дечково испратил официјално барање до канцеларијата на Гинисови рекорди во Њу Јорк да пратат свои претставници кои би го забележале неговиот рекорд. Се пофалил дека може да го запамти бројот pi до две цифри. И […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*