TOW#444 – Адаптација на пазарот

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Пред некоја вечер, застанав во ресторанот на ГАЛА КУЈНА кај ОКТА, бензинската на Партизанска, бидејќи сакав да си купам нешто од нивните готови јадење. Но, се изненадив дека не најдов готови јадења, туку го начекав персоналот како го менува целиот концепт и изглед на витрините и на менито. Ми објаснија дека секој ден од 21:30ч навечер (па сè до 06:00 ч наутро) тие го менуваат концептот на ресторанот и менито го адаптираат на потребите и на барањата на купувачите. Многу правилен и интелигентен пристап во стратегија на работа. Нормално е дека готовите јадења најмногу се купуваат преку ден, за време на ручек и за вечера, но преку ноќ подобро функционира концептот на брза храна, сендвичи, пици и друга лесна за подготвување храна.  

Ваков концепт, пред некоја година, за прв пат го видов во Амстердам. Едно мало ресторанче во центарот на градот, го менува концептот на работење во текот на годината. Во суштина, тие се продавница за домашен традиционален сладолед, но од октомври до март работат (се ре-брендираат целосно) како ресторан за традиционална холандска кујна, со неколку опции на традиционални рецепти. Менувањето на стратегијата ја прават поради тоа што во есенско-зимскиот период, нормално, продажбата на сладолед опаѓа и затоа го менуваат со производи со поголем потенцијал за продажба. Нешто што може да го одржи бизнисот надвор од сезоната за сладолед.

Овие два бизнис концепта, за мене се импресивни од аспект на стратегија и како треба да се адаптира секој бизнис на потребите и на навиките на пазарот, т.е. купувачот. Доколку не се адаптираме на пазарот, не се водиме според нашиот купувач и не сме флексибилни во стратегијата, новите промени, новиот купувач и неговите навики, може да ни направат проблем во нашиот бизнис. Тоа се случи во 2008-та, после големата финансиска криза, со многу ригидни и масивни компании кои не сакаа да се адаптираат на промените и претрпеа огромни загуби или го затворија својот бизнис.

Што значи да бидете флексибилни или да се адаптирате на ситуацијата на пазарот?

  1. Познавање на пазарот: познавање на трендовите, познавање на политичката и на економската состојба, конкуренцијата, познавање на вашата понуда, технички можности итн. Сето ова значи, имање на правилна стратегија. Нешто, со што голем број компании во Македонија не можат да се пофалат.
  2. Познавање на купувачот: секој бизнис работи во функција на своите купувачи. Доколку не ги познавате и ги следите навиките, потребите, желбите на вашите купувачи, вашиот бизнис на долг рок може да биде загрозен. Нормално, најдобар начин како најдобро да го запознаете вашиот купувач е преку спроведување на истражувања. И тоа, на редовна база.
  3. Отвореност: кон промени, кон совети, кон она што се случува околу вас. Познавам голем број на менаџери, кои поради својата суета или голема затвореност се многу тврдоглави и не сакаат да воведат некои новини кој може да бидат продуктивни за нивниот бизнис.
  4. Љубопитност/знаење: бидете љубопитни, интересирајте се за новите трендови, промени, случувања во вашата микросредина, а и пошироко. Учете од вработените, конкуренцијата, успешните луѓе, читајте книги и постојано едуцирајте се како да го развиете и да го подобрите вашиот бизнис.
  5. Креативност: и на крај, со цел да ги употребите, односно материјализирате некои од советите или триковите што сте ги научиле, не е само да ги ископирате. Најважно е, да ги адаптирате на ситуацијата и во релација на стратегијата која ја имплементирате. За тоа ви е потребна креативност во работењето.

 

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Вести

Најмалку 71 загинат и над 1.000 исчезнати во пожарот во Калифорнија

Најмалку 71 лице загинаа, а над 1.000 луѓе се водат како исчезнати во катастрофалниот пожар што беснее во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија синоќа локалните власти. Како што јави ДПА, шерифот на […]

Бизнис

Годинава помалку договорени градежни работи во странство

Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за […]

Бизнис

Анѓушев: Проектираниот раст од 3,2 отсто за 2019. со сигурност ќе се реализира

Проектираниот економски раст од 3,2 процента следната година со сигурност ќе се реализира, откочени се крупните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, а покрај нив сериозни активности се очекуваат и со интензивирање на гасификацијата […]

Бизнис

Промоција на директна авионска линија Охрид – Виена

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска попладне ќе слета првиот авион на компанијата „Визер“ на новата редовна авионска линија од и кон Виена. Покрај сезонските, тоа ќе биде третиот директен редовен авионски лет што […]

Балкан

Мицотакис: Договорот од Преспа не го решава, туку го интензивира проблемот

Договорот од Преспа не го решава проблемот, туку го интензивира, не го архивира, туку го одржува, рече Кирјакос Мицотакис, претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија во обраќањето на крајот од третиот „Thessaloniki summit“, […]

Вести

Град Скопје: Почнува присилна наплата за неплатена фирмарина

Град Скопје соопшти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за […]

Вести

Трамп постхумно го одликува Елвис Присли со претседателски „Медал на слободата“

Гласот на Елвис Присли одекна синоќа во Белата куќа, кога за време на церемонија на врачување на „Медалот на слободата“ беше пуштена неговата песната „How Great Thou Art“. На церемонијата, Трамп им го врачи „Медалот […]

Интересно

Јапонец се венчал со виртуелна личност за 15.000 евра

Јапонец се оженил за виртуелна личност и тоа го чинело 15.000 евра. Негова „избраничка“ е холограмска верзија на Хацуне Мико, популарната тинејџерска ѕвезда во Јапонија. Акихико Кондо (35) организирал и прослава по повод „бракот“ со […]

Интересно

Нов проект на авторот на „Игра на тронови“

Додека обожавателите на „Игра на тронови“ ја чекаат осмата, последна сезона во април догодина, се појавија информации и за нејзино претпродолжение, но и за сосем нова серија со авторскиот потпис на Џорџ Р.Р. Мартин. Се работи […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*