TOW#441 – Милениумци на работа

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Работата и работните навики еволуираат со секоја нова генрација.
Милениумците не се поинакви.
Тие припаѓаат на генерацијата родена помеѓу 1980 и 2000 година, моментално најбројната движечка сила во секоја компанија.
Од таму произлегува потребата на менаџерите за постојано пронаоѓање на различни идеи и стратегии за мотивирање и за разбирање на работните навики на оваа важна група вработени.

Често се споменуваат како дигитална, креативна, комуникативна, амбициозна генерација, која во текот на работата ја вреднува тимската работа, желбата за внимание, постојана повратна информација и лојалноста од страна на колегите.

Милениумците се многу флексибилни и можат да ги издржат секојдневните притисоци на модерното работно место. Тие се познати како најприспособливата и амбициозна генерација.
Тие се мултитаскери и светските анализи покажуваат  дека 35 % од нив, во светот, почнале некоја друга работа освен првичното вработување како би можеле да заработат дополнителни средства.

Мотивацијата, главно, ја добиваат од флексибилното работно време, можното унапредување на подобра позиција во иднина и  завршување на работните обврски без да бидат врзани за работното биро.

Подолу неколку практики за мотивирање на милениумците:

  • Признанија – Милениумците навистина сакаат призанија. Призанијата на секојдневно ниво не се реални, но признанија за завршената работа на месечно ниво или после некои важни работни обврски кои се од големо значење за нив и компанијата се позитивна работа.
  • Бидете специфични во работните задачи Објаснете ги во детали работните задачи, работните обврски и очекувањата од нив.
    Нема полош одговор од  „затоа што ние тука работиме така“ кога некој се труди да ја разбере причината како некој систем функционира и како да го даде својот придонес.
  • Работа и учењеМилениумците ќе останат на работното место сè додека можат да научат нешто ново. Во моментот кога работата ќе стане рутина, тие бараат излез од тоа опкружување. Потрудете се да добиваат различни обврски кои нема да им здосадат, испратете ги на конференција или на семинар, со тоа ќе поттикнете учење на нови работи, „полнење на батериите“, а со тоа нивно секојдневно залагање за целите на компанијата. Па така, работата повторно станува важна.
  • Флексибилно работно време –  Балансот помеѓу работата и слободното време им е на прво место и затоа преферираат флексибилност. Работата за нив е задача која треба да се заврши, а не место каде што треба да се оди, па така работат во кое било време од денот и од ноќта. Потрудете се да им овозможите флексибилно работно време во можностите на работата на компанијата. Поставувајте конкретни рокови за извршување на задачите и со тоа оставете им простор за работа од дома.
  • Поврзување (networking)Како едни од главните карактеристики на милениумците се динамичниот начин на живот, способноста за електорнско комуницирање со светот и љубопитноста. Имајки го тоа предвид, компанијата може да ги валоризира милениумците со тоа што ќе ги постави на позиција каде што секојдневно можат да ги користат нивните квалитети за поврзување (networking).

Со успех во промените,

Кристијан Балески

Член на тимот

      МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Вести

Пријавени вкупно 75 случаи со симптоми на морбили

Вкупно 75 случаи со симптоми на морбили (мали сипаници) се пријавени заклучно со вчерашниот ден. За 65 од нив е добиена лабораториска потврда, соопшти денеска Министерството за здравство. Возраста на заболените се движи од осум месеци […]

Вести

Рудникот „Иловица-Штука“ се развива согласно најновите законски измени

Проектот за рудникот Иловица-Штука се развива и согласно измените на законот за минерални суровини, кои на 9 јануари годинава беа изгласани во Собранието на Република Македонија, стои во изјавата на компанијата „Еуромакс ресоурцес“. Додаваат дека […]

Вести

Продолжуваaт протестите и неизвесноста во „Еурокомпозит“

Вработените и работниците прогласени технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска на протест пред фабриката сметаат дека нема на повидок решение за нивните проблеми и најавуваaт протест в понеделник пред владата во Скопје. Во името на […]

Вести

Маж се самозапали на плоштад во Прага

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка. Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според […]

Вести

Маас: Русија може да го спаси договорот ако се откаже од крстосувачките ракети

Русија може да го спаси Договорот за отстранување на ракетите со среден и краток дострел ако се откаже од своите крстосувачки ракети, кои се во спротивност со Договорот од 1987 година помеѓу САД и тогашниот […]

Вести

Европа се подготвува за хаотичен брегзит без договор

Државите од Европската унија трошат милиони, вработуваат илјадници работници и итно даваат секакви дозволи за да се справат со се поголемата веројатност дека на 29 март Велика Британија ќе ја напушти Унијата без договор, и […]

Интересно

Распеани мајмуни прогласени за животни на годината во Зоолошката во Виена

Посетителите на виенската зоолошка градина „Шонбрун“ секој ден можат да уживаат во дуетот на мајмуните Рао и Сипура. Тие се од расата гибони, кои во животинскиот свет се нарекуваат и шумски пејачи. Тој загрозен вид животни […]

Интересно

Кристи Бринкли и на 64 години во одлична форма

Поранешниот супермодел Кристи Бринкли на настан во Њујорк се појави во бел мини-фустан со долги ракави. Инаку, таа има 64 години и е мајка на три деца од три брака. Бринкли во минатото беше мажена со музичарот […]

Први оставете коментар

Вашиот коментар пишете го во празното поле:

Вашата емаил адреса нема да биде објавена.


*