TOW #440 – Наносекунда

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

Пред некое време, дознав од Калин што е дефиниција за „наносекунда”, во скопски жаргон. Тоа било – временскиот период од палењето на зеленото светло на семафорот, до одекнување на првата сирена на автомобилите кои прават притисок од заднина (за побрзо да тргнат тие што се напред). Доколку живеете во Скопје и сте учесник во сообраќајот, овој концепт ви е многу познат.

Не знам за вас, но јас воопшто не го разбирам тоа со свирењето и правење паника на семафор. Сигурно, само тој што го употребува овој концепт е задоволен, останатите само се нервираат, се фрустрираат и паничат. Можеби не го разбирам ова, бидејќи имам влијание уште од времето кога бев средношколец и живеев во Америка. Во деведесеттите поминав една година во Минеаполис (Минесота), која беше позната уште во тоа време (низ цел САД) како единствена држава каде што возачите воопшто не ја употребуваат свирката на автомобилот. Јас цела година не слушнав ниту еден автомобил што ја употреби свирката во какви било ситуации. Не дека беше забрането, туку едноставно возачите имаа почит и трпение кон другите возачи. Или, како што се вели, имаа „сообраќајна култура”.

Размислував што може да биде причината за да свират луѓето и притискаат на семафор и дојдов до следниве заклучоци:

  1. Брзам, бидејќи ми се случило или појавило нешто многу итно и важно (некоја специфична ситуација – жена на породување, операција, испуштање на лет итн.).
  2. Брзам, бидејќи доцнам некаде (состанок, средба, земање деца од градинка итн.).
  3. Брзам (никаде посебно), бидејќи немам трпение да ги сочекам другите учесници во сообраќајот да реагираат.      

(Не ми текнува друга опција. Ако ви текне вам, пишете ни слободно)

Во секој случај, она што може да се направи во овие ситуации е:

  1. За среќа, мислам дека вакви ситуации се случуваат многу ретко. Сепак, имајте разбирање за другите.
  2. Со цел да ги намалиме овие ситуации, треба да се организираме подобро. Подобро планирање на времето, т.е. нашите активности и обврски во расположливото време. Ако ние самите малку се потрудиме да се организираме подобро, можеби ќе ги поштедиме другите возачи од фрустрации и од нервози.
  3. Околу ова ќе треба малку повеќе да поработите на себе. Тоа значи дека немате нималку трпение за ништо, лесно избувнувате во разговор и често се расправате со другите или, пак, како што се вели, „имате краток фитил“. Исто така, може да значи и дека имате повисоко ниво на кортизол (хормон) во крвта. Од ВикипедијаТоj обично се нарекувахормон на стресот“, со оглед на тоа што неговото ниво се зголемува при стрес и анксиозност. Влијае на зголемување на крвниот притисок и шеќерот во крвта и го намалува имунитетот. За ова е комплексно во неколку реченици да се даде некој паметен совет, и затоа на кратко, направете самоанализа – зошто (каде) брзате и работете на тоа (прашајте го гугл како и ќе ви каже). А во однос на тоа, што може да се направи со цел да се намали свирењето на семафор. Чисто имајте малку почит кон другите возачи во сообраќајот. Ако сте 10 автомобили на семафор и вие „легнете” на свирката, тогаш имајте на ум дека на 9 возачи ќе им направите непотребен стрес и нервоза (а посебно на тие што се напред). Или, барем дајте им можност на возачите да реагираат, а доколку заглават, тогаш потсетете ги.

 

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

Вести

В петок нов обид за договор за иднината на СЈО, опозицијата подготвува амандмани

Работните групи на власта и опозицијата в петок треба повторно да се состанат во нов обид да се постигне согласност околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. […]

Балкан

Изрекување пресуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) денеска, по три години жалбена постапка, ќе ја изрече второстепената пресуда за  поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. Изрекувањето на правосилната пресуда, […]

Вести

ЕПП ќе разгледува исклучување или суспензија на партијата на Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе отпатува за Брисел каде ќе присуствува на состанокот на Европската народна партија (ЕПП), на кој ќе се расправа дали неговата партија Фидес ќе биде исклучена или суспендирана од тој […]

Вести

Нови рочишта за „Маџар телеком“, „Тарифа“ и „Топлик“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Маџар телеком“, „Тарифа“ и „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство. Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а од неодамна случајот го презеде […]

Вести

Судот одреди мерка куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Судот му одреди мерка куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од […]

Вести

Нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонски пошти

На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонска пошта. Како […]

Интересно

Решена мистерија стара 130 години: Докажано кој бил Џек Мевосек

Еден од најнеславните убијци во британската историја, Џек Мевосек убивал пред скоро век и половина, и неговиот идентитет е една од најдолго нерешените мистерии во светската криминалистика. – Денешната методологија на ДНК анализа и примерок […]

Интересно

(ВИДЕО) Холандскиот претставник најголем фаворит на Евровизија

До Песната за Евровизија остануваат 56 дена, па обложувањата за годинешната победничка песна, почнаа. Според обложувалниците, со 21 отсто шанси за победа, на прво место се наоѓа Холанѓанецот Данкан Лоренс со песната „Arcade“. Песната на […]

Интересно

Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат. Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*