„Тесла“ и „Мерцедес“ ја тужеа американската влада поради царина на увезените делови од Кина


„Тесла“ и „Мерцедес“ ја тужеа американската влада поради царина на увезените делови од Кина

Водечките производители на автомобили, вклучително и „Мерцедес-Бенз“ и „Тесла“, поднесоа тужба против владата во Вашингтон во врска со царините за увоз на делови од Кина.

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ е последниот во низата компании кои се противат на царинските давачки и бараат враќање на средствата, пренесе Би-би-си.

САД воведоа тарифи за увоз на стоки и услуги од Кина, што укажува на огромна нерамнотежа во билансот на надворешната трговија. Кина возврати и двете водечки светски економии започнаа трговска војна што ги опфати технолошките компании.

Медиумите, во меѓувреме, објавија дека производителите на автомобили изминативе денови поднеле низа тужби пред Судот за меѓународна трговија, со седиште во Њујорк, пренесува Би-би-си.

„Мерцедес“ го обвинува Вашингтон за „невидена и неограничена трговска војна, која влијае на увозот од Народна Република Кина во вредност од над 500 милијарди долари“.

Текстот „Тесла“ и „Мерцедес“ ја тужеа американската влада поради царина на увезените делови од Кина е превземен од МАКФАКС.


Вести

Владата ги прифати препораките за ограничена работа на угостителски објекти до 23 часот и редуцирање на патниците во јавниот превоз на 50 отсто

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести за ограничување на работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и за […]

Вести

Угостителските објекти ќе работат само до 23 часот

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да […]

Вести

408 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 4 лица

  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-227, Куманово-12, Штип-15, Прилеп-4, Тетово-34, Струга-5, Велес-15, Битола-10, Охрид-23, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-18, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*