Термоелектраната Осломеј ќе работи со зголемен интензитет во претстојната грејна сезона


Планот на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) е РЕК „Осломеј“ во иднина да работи со поголем интензитет од претходно. Ова денеска го најави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, кој престојуваше во работна посета на РЕК „Осломеј“ – Кичево.

– Ќе се работи скромно, со постоечките ресурси и без непотребни трошоци, но ќе се спроведат сите набавки кои се неоходни за работниот и производниот процес за да нема никаков застој, им порача генералниот директор Ковачевски на директорите и раководителите во комбинатот.

При средбата, како што соопшти АД „Електрани на Северна Македонија“, беа утврдени чекори за забрзување на сите постапки што се неопходни за нови ископи на јаглен во рамки на рудникот на РЕК „Осломеј“. Ковачевски упати на поголема соработка меѓу РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“ и на заемно искористување на заедничките капацитети на знаење и техничка логистика во рамките на АД ЕСМ.

Ковачевски  со раководството на термоелектраната разговарал и за подготвеноста на капацитетот да се вклучи во производството на електрична енергија во претстојната грејна сезона, кога потребата од електрична енергија се зголемува.

– Генералниот директор се сретна и со претседателот на синдикатот на РЕК „Осломеј“, кој на раководството на компанијата му презентираше дел од активности, кои се реализираат преку членарина, но исто така и преку средствата кои АД ЕСМ, согласно законот, годишно и ги префрла на синдикалната организација, за синдикални активности за вработените во компанијата, но и за општествено-одговорни проекти и помагање на локалната заедница, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Вести

По 100 години Германија воведува воени рабини

Германската влада денеска донесе одлука да  врати рабини во воена служба по повеќе од 100 години, како што беше предложено претходно од централниот Совет на Евреите. „Денеска ние дадовме важен пример на нашите еврејски војници“, […]

Вести

ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани на Законот за јазиците, партиите на Албанците против негова измена

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека многу скоро ќе поднесе амандмани на Законот за употреба на јазиците, со кои, како што велат од партијата, ќе значат негово усогласување со препораките на Венецијанската комисија. Претседателот на […]

Вести

Илиевски најави кривична за Инспекцискиот совет зашто не постапил по одлуката на Антикорупциска

Инспекцискиот совет кој е формиран од Владата работи контра Антикорупциската комисија во однос на донесената одлука за поведување дициплинска постапка против главниот просветен инспектор Африм Салиу. Тоа е незаконито, несовесно и непрофесионално работење на претседателката […]