Tech стартапот за човечки ресурси Edge вработува во Северна Македонија

 Edge, еден од најбрзорастечките стартапи во сферата на човечки ресурси  основан во САД, официјално ја започнa својата работа на пазарот во Северна Македонија. Компанијата најави можности за вработување за сите заинтересирани и подобни кандидати кои би сакале да станат дел од неа.

Ни претставува задоволство да најавиме дека официјално сме во потрага по таленти во Северна Македонија кои би станале дел од глобалниот тим. Ова е четврт континент во кој ја отпочнуваме својата работа од 2020 година и возбудени сме да инспирираме локални таленти кои ќе се вклучат на глобалниот тим во Северна Америка”, вели Ифи Вала, основач и директор на компанијата Edge.

Заинтересираните кандидати можат да ја посетат веб страната на компанијата и да аплицираат за отворените позиции. Edge им нуди можност за работа директно со американски компании во сферата на осигурување и здравството. Почетната плата е 60.000 денари.

 Edge е основана во 2020 година како компанија која работи во сферата на здравството, осигурувањето и продажбата со вработени кои работат онлајн од различни делови од светот за компании од САД. Компанијата моментално брои 400 вработени кои се дел од тимовите во Северна и Јужна Америка, Јужна Азија, а наскоро и од Северна Македонија.

Компанијата има план да ја прошири својата работа во уште шест држави до крајот на годината и вкупно 150 земји до крајот на 2024 година

Facebook
Twitter
LinkedIn