Светска банка го отфрли барањето на директорката на ММФ да се брани во обвинението за лажни податоци во корист на Кина


Одборот на Светска банка го одби барањето на директорката на ММФ, Кристалина Георгиева – во кое бараше состанок да приложи спротивни аргументи од тврдењата дека вршела притисок врз персоналот да менува податовие, додека била извршен директор на банката во 2017/18 година.


 

Адвокат ангажиран од Георгиева побара средба во писмен допис од 17 страници, до управниот одбор на банката.

Адвокатите Whitney Debevoise of Arnold & Porter напишаа дека извештајот од истрагата подготвен од адвокатската канцеларија ВилмерХејл за одборот бил несоодветно спроведен, ги прекршил правата на Георгиева и го засновал својот фундаментален заклучок на лажна претпоставка.

Вилмер Хејл во септември заклучи дека официјални лица вклучително и Георгиева, извршиле „непотребен притисок“ врз персоналот на банката за да ги сменат податоците и да ја фаворизираат Кина во рангирањето на банката за „Дуинг бизнис“ во 2018 година.

Георгиева ги отфрли обвинувањата, а одборот на Меѓународниот монетарен фонд на чие чело е Георгиева од октомври 2019 година, не најде убедливи докази за поддршка на обвинувањата за престап.

Одборот на Светска банка одговори на Debevoise дека би било несоодветно да се сретнат, бидејќи нема улога во посебната истрага што ја води Вилмер Хејл за потенцијални неправилности од сегашниот и поранешниот персонал на банката.

Тројцата службеници од Центална банка одделно комуницирале со адвокатската канцеларија на Дебевоаз.

Портпаролот на Светска банка одби да ги коментира последните случувања, велејќи дека банката не ги коментирала истрагите.

Дебевоз е поранешен член на управниот одбор на Светска банка. Неговото задржување, заедно со барањето на Георгиева одборот на Светска банка да ја слушне нејзината приказна, може да поттикне се поголем јаз меѓу шефот на ММФ и претставници на Светска банка, пишува Ројтерс.

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас и Георгиева одиграа водечка улога во обликувањето на глобалниот одговор на пандемијата со Ковид. Двајцата ќе присуствуваат на состаноците оваа недела на Групата 20 за глобални економии и на климатската конференција на Обединетите нации.

Владата на САД рече дека нема доволно докази за смена на Георгиева од чело на ММФ, но претставниците на Министерството за финансии истакнаа дека внимателно го следат тековниот преглед на Светска банка.

И демократските и републиканските пратеници изразија загриженост за раководството на Георгиева во ММФ.