Свечен настан на АБИТ: Важноста на двојното образование во банкарскиот и финансискиот сектор


Во организација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) и Институтот за бизнис и менаџмент, Heidelberg-Skopje, денеска се одржа свечен настан во просториите на Македонска Берза АД Скопје. Целта на настанот беше да се истакне важноста од двојното образование кое што го нуди академијата и институтот, а придонесува за поголем развој на банкарскиот и финансискиот сектор.

На настанот со поздравен говор се обрати Извршниот директор на АБИТ, а потоа на присутните се обратија и Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел на Германија, Елизабета Наумовска – Заменик министер за образование и наука и г-ѓа Лујза Томовска- самостоен советник во Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија. Гости на настанот беа и г-дин Билал Суџубаши, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на ХАЛК Банка АД Скопје, проф. д-р Љубе Трпевски, г-дин Беркан Имери финанов директор на ХАЛК Банка АД Скопје,  г-дин Бесим Билали од Развојна банка на Северна Македонија, Весна Срцева и Мухедин Авдиќ од Управата за јавни приходи, Марина Наумовска од Германска Амбасада во Република Северна Македонија и други.

Говорниците ја истакнаа важноста на едукацијата и дообразованието во банкарскиот и финансискиот сектор. Тие сметаат дека двојното образование кое што се нуди во АБИТ е одлична шанса во нашта земја да се внесе германската едукација и да се примени во македонска пракса од професионалци кои ќе ги завршат курсевите и семинарите во АБИТ. Говорниците истакнаа дека се потребни помлади и похрабри кадри во бакарскиот сектор во земјата.

АБИТ е единствената образовна организација во земјата која што е придружна членка во највисокото тело за специјалистичко и стручно банкарско образование во ЕУ, Европската тренинг асоцијација EBTN, која што е во состав на Европската банкарска федерација.


Вести

Снимки и нови нови материјални докази на „Рекет”

–  Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет” во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски- Кичеец кој […]

Вести

Собранието се распушти, отворен патот за избори на 12 април

– Собранието едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Претходно распуштањето на Парламентот беше најавено за 12 февруари, но претседателот на […]

Вести

Течат роковите за спроведување на изборите на 12 април

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, течат роковите за нивно спроведување. Државната изборна комисија на вечерва одржаната седница го усвои Роковникот за […]