Сугарески: Засилени активностите на автопатот Кичево-Охрид

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува сериозно интензивирање на активностите на автопатот Кичево-Охрид следната година и тој да биде готов во предвидениот рок до јуни 2021 година.
Тој при денешната посета на Кичево изјави дека на терен веќе се одвиваат засилени активности и потсети дека се надминати сите наследени проблеми на овој автопат. Изгласан е и третиот анекс на договорот за дополнителни 190 милиони евра.
– Има околу 54-55 проценти реализација досега, но она што е поважно е дека се надминати сите наследени проблеми со тунелот, свлечиштата, клучките и алтернативните патишта. Тоа го надминавме во изминатиот период, нагласи Сугарески по средбата со градоначалникот Фатмир Дехари.
Потсети дека во тек е и проектирањето на првата делница од новиот автопат од Кичево до Гостивар. За втората делница од Букојчани до Горна Ѓоновица и за третата делница Горна Ѓоновица – Гостивар ќе се обезбедат средства од ЕУ за проектирање.
– Ова се многу важни проекти за овој регион и за економски развој на општините, истакна министерот Сугаревски, додавајќи дека се обезбедени 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта и над 100 милиони евра за водоводни и канализациски мрежи во општините.
Во однос на изградбата на пругата од Кичево до Лин, министерот Сугарески истакна дека во моментот се работи на обезбедување финансиски средства.


Бизнис

Протест на технолошкиот вишок на „Еурокомпозит“- По две години ништо не е решено

Работниците прогласени за технолошки вишок кои се уште чекаат да им бидат исплатени отпремнините од прилепската компанија „Еурокомпозит“ денеска се собра на протест во центарот на Прилеп. Тие бараат одоговор за состојбите во фирмата и […]

Бизнис

Лани без објавување оглас склучени 596 договори во вредност од 33 милиони евра

Големи тендери, намалена конкуренција, склучени договори без објавување оглас, раст на бројот на поништени тендери, се дел од клучните наоди на мониторингот на јавните набавки спроведени во периодот јули-декември 2018 година. Во извештајот на Центарот […]

Вести

Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со […]