Сугарески: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, наесен ќе бидат пуштени првите километри


Сугарески: Се работи на автопатот Кичево-Охрид, наесен ќе бидат пуштени првите километри - МИА

Скопје, 28 мај 2020 () – На автопатот Кичево-Охрид се работи и дел од километрите наесен ќе бидат пуштени, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Општина Ѓорче Петров.

Сугарески  информираше и дека изминатиот период се работело на подготвителни активности за обнова на делницата Ќафасан – Струга.

– Тоа е една од клучните делници и во наредните неколку месеци очекувам да биде рехабилитиран целосно, рече Сугарески.

Тој очекува капиталните инвестиции во ресорот транспорт годинава да ја надмине ланската реалзиација од 86 проценти.

– Апсолутно целата динамика во делот на реализација на капиталните инвестиции продолжува. Ресорот транспорт согласно она што го има како реализација од ден на ден се повеќе ги зголемува капиталните инвестиции и ако видиме дека ланската година имаше 86 проценти реализација, ресорното Министерство и Јавното претпрјатие за државни патишта, очекувам оваа година да биде над тоа. Сите проекти и покрај здравствената криза која се уште ја имаме одат целосно и ќе бидат реализирани. Очекувам проектите што во голем дел ги започнавме до крајот на годината да бидат реализирани, а исто така и оние проекти коишто очекуваме во наредниот период да почнат до крај на годината или во почетокот на наредната година да бидат завршени, рече Сугарески.

Изјава на министерот Сугарески

Posted by MИА.mk on Четврток, 28 мај 2020


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]